(Неактивен) - ДАДИЛКА - ПОЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ
- Бебиситерство
- Скопје
- Агенција за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст БЕЈБИСИТИНГ СЕРВИС Скопје
- 25-01-2018
Детали за огласот
Бараме талентирани личности кои ќе станат дел од нашиот тим
Бараме личност со амбиција и желба да ни се придружи во нашата работа во згрижување, нега и едукација на деца. Ние сме компанија основана со цел на родителите да им овозможиме висококвалитетна услуга чување и воспитување на децата. На грижата за децата гледаме како на интерактивен процес со коишто на детето му се овозможува развивање на социјални, општествени и комуникативни способности. Ние ја почитуваме различитост и индивидуалноста на секое дете и секое семејство. Модерно и современо време е исполнето со предизвици како за децата така и за родителите и нашиот тим е посветен да пружи висококвалитетна услуга кон нашите клиенти.
Нашата компанија расте и за потребите на нашите клиенти и нашата агенција објавуваме оглас за вработување на
ДАДИЛКА – грижа и нега на дете/бебе во домот на семејство, полно работно време 08:00 - 16:00/09:00 - 17:00, понеделник - петок
Плата: По договор (почнувајќи од 15 000 МКД па нагоре во зависност од искуството и квалификациите на дадилката)
Дадилката ќе биде вклучена во сите активности коишто се однесуваат на грижа и нега на детето во домот на семејство, вклучувајќи секојдневна (понеделник-петок) грижа и нега на детето, едукативни активности и придружување на детето. Секое семејство има различни побарувања и очекувања, што значи дека и секоја негувателка има релативно различен фокус во својата работа. Возраст на детето, начин на исхрана, омилени активности или посебни потреби се фактори кои имаат влијание на организација на секојдневните активности. Меѓутоа без оглед на посебните услови, висококвалитетна грижа и нега на детето е приоритет за секоја дадилка.
Клучни одговорности на дадилката:
Грижа и нега на бебе(најчесто од 8 - 9 месеци па нагоре)
Хранење, стерилизација на шишиња
Подготовка на оброци за детето и хранење
Бањање, облекување и пресоблекување
Помош на детето околу лична и општа хигиена
Носење/возење детето на дополнителни активности
Организирање на денот
Овозможување на едукативни игри согласно возраста и развој на детето
Учење на бои, букви, броеви
Учење на навики, однесување и општа култура
Изработка на модели, работа со пластелин, колажи и друго
Читање на книги
Помош околу домашни задачи
Прошетки во парк, ЗОО и друго
Одржување на детска соба и простор за играње
Грижа за играчки и детски алишта
Нудиме:
Ние нудиме можност за долгорочно вработување, напредување и надоградување. Дадилките во агенција имаат можност за соработка и работа во странски и домашни семејства. Надоместоци и плати во нашата агенција се мотивирачки и вклучуваат освен плата и можност за едукација и присуствување на домашни и меѓународни обуки во наведена облас.
Доколку сте заинтересирани, испратете ја Вашата биографија електронски најдоцна до 25 јануари 2018 година.
Сите апликации и пријави ќе бидат третирани како доверливи и во согласност со Закон за заштита на лични податоци.
info@babysittingmk.com
contact@babysittingmk.com
www.babysittingmk.com
Останати огласи од ист регион
-
ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР
- Фармација
- Аеродром
- ПЗУ Аптека Голд-мун
- 27-04-2024
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР
- Машинство
- Скопје
- Fluid proekt doo
- 26-04-2024
- 0 ПРЕМИУМ
-
ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ
- Продажба и трговија
- Скопје Центар
- М1 киоск
- 27-04-2024
- 1 БЕСПЛАТЕН
-
ЕЛЕКТРО ТЕХНИЧАР
- Електроника и Телеко...
- Скопје
- Fluid proekt doo
- 26-04-2024
- 1 ПРЕМИУМ
-
ОТВОРЕНИ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ
- Угостителство
- Скопје
- ИГ- Груп ДООЕЛ
- 19-05-2024
- 0 ПРЕМИУМ
-
ХИГИЕНИЧАРКА
- Социјална работа
- Скопје
- ПУСЗ Олимпија
- 08-05-2024
- 1 ПРЕМИУМ