Вработи.се ...Најбрзо и најлесно!
  • дома
  • за нас
  • блог
  • mk
    • МК
    • EN
  • внеси оглас
  • најави се
    • работодавач
    • работобарател

  • 1 НОВИ ОГЛАСИ
  • 30 АКТИВНИ ОГЛАСИ
  • 4893 КОМПАНИИ
  • 44560 ИСПРАТЕНИ АПЛИКАЦИИ
  • 209381 ОБЈАВЕНИ ОГЛАСИ
  • 02-10-2022

5 совети како да напишете мотивациско писмо

Мотивациското писмо е одлична можност да оставите супер прв впечаток врз потенцијалниот работодавец и да покажете зошто би биле идеален кандитат за работната позиција за која аплицирате. 

Тоа е значајна алатка која ви овозможува да опишете како вашите вештини и искуства соодветствуваат со потребите на потенцијалниот работодавач. Без оглед дали се подготвувате за промена во кариерата или аплицирате за одредена работна позиција, пишување на добро структурирано мотивациско писмо кое ќе го привлече вниманието на менаџерот за вработување може да одземе доста време. 

Затоа, ние ќе ви објасниме како да го напишете совршеното мотивациско писмо и ќе ви посочиме неколку совети кои ќе ви помогнат да се издвоите од останатите. 
Но, прво да објасниме што всушност претставува мотивациското писмо и зошто е важно. 

Што е мотивациско писмо?

Мотивациското писмо е придружен документ адресирано до регрутерот или менаџерот за вработување, кое ги вклучува вашите контакт податоци, позицијата за која аплицирате и дополнителни информации и детали. 

Во мотивациското писмо треба јасно да ги наведете вашите квалификации, релвантни вештини и претходни искуства кои соодвествуваат на описот на работното место за да нагласите дека сте го направиле потребното истражување за позицијата за која аплицирате и дека сте подготвени да се приклучите на тимот. 

Зошто е важно да се напише добро мотивациско писмо?

Идејата позади пишување на мотивациско писмо кое ќе го придружува вашето CV е едноставна - треба да биде доволно интересно за да го заинтересира работодавачот да дознае повеќе за вашите вештини и искуства со цел да ве повика на интервју. Мотивациското писмо ви овозможува да ги сумирате вашите искуства и вештини и детално да објасните зошто сте идеалниот кандидат за конкретната работна позиција.

Не сите кандидати ќе се потрудат да напишат квалитетно мотивациско писмо или уште па приспособено за конкретната работа за која аплицирате. Затоа потрудете се да напишете оригинално мотивациско писмо кое ќе одговора на специфичните потреби на огласот за работа и со тоа да се одвоите од другите апликанти. Тоа ви дава поголема шанса да бидете во потесниот круг за избор за интервју. 

Како треба да изгледа мотивациското писмо?

Имајте на ум дека мотивациското писмо е додаток на вашето CV а не негова замена, па затоа пробајте да не го повторувате она што го имате наведено во вашата биографија. 

Ако пишувате мотивациско писмо за прв пат, процесот може да ви изгледа навистина тешок. Можеби не знаете како треба да изгледа, или не ви оди од рака пишувањето. Но, доброто мотивациско писмо не бара од вас да сте ултра креативни ниту да бидете добри „писатели“. Сè што треба да направите е да следите испробан и проверен формат: 

  • Заглавие - Вашите контакт информации (најчесто горен десен агол)
  • Обраќање кон менаџерите за вработување/ работодавци одговорни за вработување
  • Прв параграф - Привлечете го вниманието на читателот со 2-3 од вашите врвни достигнувања
  • Втор параграф - Објаснете зошто сте најдобар кандидат за конкретната работа
  • Трет параграф - Објаснете зошто добро би се вклопиле во компанијата
  • Формално поздравување

Совети како да напишете мотивациско писмо

Обезбедете информации кои не се вклучени во вашето CV

Вашето мотивациско писмо не треба да биде само уште една верзија на вашата биографија. Наместо тоа, ова писмо треба да обезбеди конкретни докази за тоа што ќе донесете во компанијата. За вашето писмо, изберете две до три вештини или способности што сакате да ги истакнете. Потоа понудете примери кога сте ги покажале тие особини.

На пример, ако сакате да го истакнете вашето искуство и вештини за подучување на деца, дајте пример за тоа како успешно сте подучиле ученик. Може да вклучите одреден момент во наставата кога сте биле особено успешни.

Напишете мотивациско писмо прилагодено за конкретната работа

Менаџерот за вработување може брзо да каже дали сте напишале генеричко мотивациско писмо што го користите за секоја работа. Тоа е брз начин да ја исфрлат вашата апликација. Наместо тоа, одвојте време да го прилагодите вашето мотивациско писмо за да го одразува вашиот интерес за конкретната позиција и компанија за која аплицирате.

Вклучете ги клучните зборови од огласот за работа и во вашето писмо. На пример, ако листата вели дека идеалниот кандидат има искуство со „донесување одлуки водени од податоци“, може да вклучите пример за време кога сте користеле податоци за да донесете одлука или да решите проблем.

Не ги потенцирајте вашите недостатоци 

Општо земено, не се извинувајте за ништо во вашето мотивациско писмо. Постојат некои работи што не треба да ги вклучите. Ако ви недостасува потребната вештина или диплома, не го спомнувајте тоа. Наместо тоа, фокусирајте се на истакнување на вештините и искуствата што ги имате и објаснете како тие ве прават погодни за работата.

Меѓутоа, кога имате поголеми празнини во вашата работна историја, без разлика дали сте биле отпуштени, сте дале отказ или сте одвоиле време за вашето семејство, патување, враќање на училиште, или која било друга причина, вашето мотивационо писмо ви дава можност да го објасните истото. Сепак, ако одлучите да ја објасните оваа празнина во вработувањето во вашето писмо, направете го тоа многу кратко, а потоа брзо вратете се на истакнување на вашите вештини и способности.

Обидете се да го најдете лицето за контакт

Не секогаш е лесно да се најде лицето за контакт на кое ќе му се обратите во вашето мотивациско писмо, но вреди да потрошите малку време обидувајќи се. Кога станува збор за мотивациските писма, одвојувањето време за дознаете повеќе за компанијата и менаџерот за вработување е навистина важно. 

Не заборавајте да го упатите вашето мотивациско писмо до конкретниот менаџер за вработување кој ќе го чита вашето писмо. Ако не знаете која е таа личност, проверете ја веб-страницата на компанијата или дури и јавете се во компанијата и прашајте.

Бидете свои и покажете го вашиот карактер

Нормално е дека вашето мотивациско писмо треба да биде професионално но тоа не значи дека треба да користите неприроден формален јазик. Избегнувајте фрази кои не изгледаат природно, како „Сакам да го пренесам мојот искрен интерес за позиција во вашата извонредна институција“. Наместо тоа, користете јасен и природен јазик.

Исто така, избегнувајте клише, прекумерно употребувани фрази кои менаџерите за вработување не ги читаат (на пример „тимски играч“). Заменете ги тие фрази со моќни зборови како „иницира“ и „соработува“.


Пишувањето на совршеното мотивациско писмо не мора да биде процес кој одзема многу време. Следете ги овие 5 едноставни совети и напишете писмо кое ќе биде забележано во процесот за вработување. 

Статии
  • 01-01-1970
Најчести визуелни грешки во CV-то што ве чинат интервју
  • 14-08-2025
Како да научите нови вештини за само 15 минути дневно
  • 14-08-2025
Како да изберете референти кои ќе ви помогнат во добивањето на работа
  • 13-06-2025
Како да ги истакнете кариерните паузи на позитивен начин
  • 13-06-2025
Категории
  • Интервјуа
  • Совети
  • Колумни
  • Новости
  • Разно
Топ омилени огласи
  • DATA COLLECTOR
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЈЗУ УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА РЕСПИРАТОРНИ ЗАБ...
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ - ЈНУ“ ВРАБОТУВА
  • ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО- ВАРЕЊЕ ЛОКУМ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЈЗУ ИНСТИТУТ ПО БЕЛОДРОБНИ ЗАБОЛУВАЊА КАЈ ДЕЦА...
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА, ДЕМОГРАФИЈ...
  • АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ / СЕКРЕТАР
  • МЕДИЦИНСКО ЛАБОРАТОРИСКИ ТЕХНИЧАР
  • ОПШТИ РАБОТНИЦИ
  • РЕФЕРЕНТ ЗА ЛОГИСТИКА
  • ЕЛЕКТРО ТЕХНИЧАР
  • МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА И ТРУД ВРАБОТУВА 21 СЛУЖБЕНИК
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО РКЕ - ПЛАТА ДО 79.000 ДЕНАРИ
  • ЈП НАЦИОНАЛНИ ШУМИ ВРАБОТУВА 24 СЛУЖБЕНИЦИ
Најактивни индустрии
  • Разни области (20)
  • Текстилна (2)
  • Прехранбена (2)
  • Угостителство (1)
  • Медицина и здравство (1)
  • Градежништво и Архитектур... (1)
  • Електроника и Телекомуник... (1)
  • Графичка (1)
  • Спорт (1)
Најчитани огласи
  • ПРОДАВАЧКА
  • УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ - ЈНУ“ ВРАБОТУВА
  • МОН ВРАБОТУВА 11 СЛУЖБЕНИЦИ
  • РКЕ ВРАБОТУВА - ПЛАТА: 79.623 ДЕНАРИ
  • МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА И ТУРИЗАМ ВРАБОТУВА
  • ЈП НАЦИОНАЛНИ ШУМИ ВРАБОТУВА 24 СЛУЖБЕНИЦИ
  • НУ АЛБАНСКИ ТЕАТАР - СКОПЈЕ ВРАБОТУВА
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЈЗУ УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА РЕСПИРАТОРНИ ЗАБ...
  • МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА И ТРУД ВРАБОТУВА
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО РКЕ - ПЛАТА ДО 79.000 ДЕНАРИ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕНЕРГЕТИКА, РУДАРСТВО И МИНЕРА...
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО НУ АНСАМБЛ ЗА НАРОДНИ ИГРИ И ПЕСНИ „ТАНЕЦ“
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА СПОРТ
Најактивни региони
  • нема информација (20)
  • Скопје (7)
  • Штип (2)
  • Македонија (1)
Издвоени огласи
ГОТВАЧ/КА
  • Скопје
  • Beer Garden DOO
  • 29-08-2025

Профил на компанијата

Логирајте се за да внесете оглас и да ги уредувате веќе внесените огласи за вработување.

Логин форма

Вработи.се е платформа којашто на сите баратели на работа и нови можности за напредок во кариерата им овозможува најлесен и најбрз пристап до сите отворени позиции за вработување или пракса во компании од најразлични индустрии.

Со децениско постоење на македонскиот пазар и огромно портфолио на задоволни клиенти, Вработи.се ги поврзува компаниите чијашто цел е градење на тим од професионалци со сите кандидати заинтересирани за професионален напредок. 

Платформата Вработи.се е поддржана од компанијата Ignite Global Media.

  • Често поставувани прашања
  • Внеси оглас
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Ценовник
  • Референтна листа
  • Блог
  • За нас
  • Контакт
  • info@vraboti.se

  • Архива
2025 Вработи.се © - Сите права се задржани