Вработи.се ...Најбрзо и најлесно!
  • дома
  • за нас
  • блог
  • mk
    • МК
    • EN
  • внеси оглас
  • најави се
    • работодавач
    • работобарател

  • 0 НОВИ ОГЛАСИ
  • 44 АКТИВНИ ОГЛАСИ
  • 4922 КОМПАНИИ
  • 45590 ИСПРАТЕНИ АПЛИКАЦИИ
  • 209575 ОБЈАВЕНИ ОГЛАСИ
  • 07-09-2022

6 Причини поради кои не смеете да добиете отказ

Ако сте отпуштени од вашата работа, како да знаете дали отказот бил законски или не? Отпуштањето никогаш не е лесно, ниту за вработениот, ниту за работодавачот кој го отпушта. Но, понекогаш работите едноставно не функционираат и доколку се запазат сите  правилни процедури и се истражат сите алтернативни опции, раскинувањето на договорот е единствената преостаната опција. 

Терминот престанок на работниот однос се однесува на завршување на работата на работникот со компанија. Вработен може да престане со работа по сопствена волја или по одлука донесена од работодавачот. Иако работодавците имаат широк спектар на основани причини за отпуштање вработени, постојат причини кои не се законски прифатливи за прекин на нечиј работен однос.

Во продолжение можете да прочитате, кои се 6-те неосновани причини за отказ за кои работотавецот никако не смее да ве отпушти.

Што е работен однос? 

Пред да објасниме за неоснованите причини, да го дефинираме терминот работен однос и што истиот значи. Според Законот за работни односи (ЗРО) „работниот однос" е договорен однос меѓу работникот и работодавачот во кој работникот доброволно се вклучува во организираниот процес на работа кај работодавачот, за плата и други примања и лично непрекинато ја извршува работата според упатствата и под надзор на работодавачот.

Според истиот закон за работник се смета секое физичко лице кое е во работен однос врз основа на склучен договор за вработување. Работодавач пак е правно и физичко лице како и друг субјект (орган на државна власт, орган на единица на локалната самоуправа, подружница на странско друштво, дипломатско и конзуларно претставништво), кои вработуваат работници врз основа на договор за вработување.

Забрана за дискриминација 

Како многу важен дел од работниот однос е забраната за дискриминација на вработените. Според истата работодавачот не смее кандидатот за вработување или вработениот да го става во нееднаква положба заради расно или етничко потекло, бојата на кожата, пол, возраст, здравствена состојба, односно инвалидност, религиозно, политичко или друго убедување, членување во синдикатите, националното или социјалното потекло, статус на семејството, имотната состојба, полова насоченост или заради други лични околности. 

6 Неосновани причини поради кои не смеете да добиете отказ 

Неосновани причини за откажување на договорот за вработување се: 

  1. Членство на работникот во синдикат или учество во синдикални активности во согласност со закон и колективен договор.
  2. Поднесување на тужба или учество во постапка против работодавачот заради потврдување на кршење на договорните и други обврски од работниот однос пред арбитражни, судски и управни органи. 
  3. Одобрено отсуство заради болест или повреди, бременост, раѓање и родителство, нега на член на семејството и неплатеното родителско отсуство.
  4. Користење на одобрено отсуство од работа и годишен одмор.
  5. Отслужување или дослужување на воен рок или воена вежба.
  6. Други случаи на мирување на договорот за вработување утврдени со Законот за работни односи (ЗРО).

Што се неосновани причини за откажување на договор за вработување?

Неосновани причини се они кога вработен е отпуштен од причини забранети со законот за вработување. Работодавачите исто така не смеат да отпуштаат поединци поради непочитување на одредени барања, како што е вршење опасна или незаконска работа. Компаниите исто така не смеат да ги менуваат условите за работа без најава, принудувајќи го вработен да си замине или поради менувањето на условите да биде отпуштен. Поединците кои се погрешно отпуштени може да покренат правна постапка против нивните поранешни работодавци.

Постојат многу причини зошто вработените и работодавците го прекинуваат договор. Некои вработени може да одлучат доброволно да ги напуштат своите работни места, додека други може да бидат отпуштени поради недолично однесување, слаби перформанси или други причини. Но, доколку сметате дека сте биле неосновано отпуштени од работа побарајте си правна помош која ќе ви помогне да се заштитите.

Статии
Најчести визуелни грешки во CV-то што ве чинат интервју
  • 14-08-2025
Како да научите нови вештини за само 15 минути дневно
  • 14-08-2025
Како да изберете референти кои ќе ви помогнат во добивањето на работа
  • 13-06-2025
Како да ги истакнете кариерните паузи на позитивен начин
  • 13-06-2025
Како да се подготвите за интервјуа со повеќе испитувачи
  • 06-05-2025
Категории
  • Интервјуа
  • Совети
  • Колумни
  • Новости
  • Разно
Топ омилени огласи
  • -БРАВАРИ -ЗАВАРУВАЧИ
  • AДМИНИСТРАТИВНО - ФИНАНСИСКИ АСИСТЕНТ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АЕК - ПЛАТА: 80.834 ДЕНАРИ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ДРЖАВЕН ИСПИТЕН ЦЕНТАР СКОПЈЕ
  • JUNIOR IT SUPPORT SPECIALIST
  • МИНИСТЕРСТВО ЗА ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА ВРАБОТУВА 3 СЛУЖБЕНИЦИ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО СОБРАНИЕ НА РМ
  • ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ НА СКОПЈЕ ВРАБОТУВА 17 СЛУЖБЕНИЦИ
  • МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ ВРАБОТУВА 2 СЛУЖБЕНИЦИ
  • ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ ВРАБОТУВА PRODUCTION ENGINEER
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МОН
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО УЈП
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ПИОМ
  • УЈП ВРАБОТУВА 9 СЛУЖБЕНИЦИ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ
Најактивни индустрии
  • Разни области (20)
  • Угостителство (11)
  • Информатика (10)
  • Градежништво и Архитектур... (3)
Најчитани огласи
  • AДМИНИСТРАТИВНО - ФИНАНСИСКИ АСИСТЕНТ
  • ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ НА СКОПЈЕ ВРАБОТУВА 17 СЛУЖБЕНИЦИ
  • МИНИСТЕРСТВО ЗА ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА ВРАБОТУВА 3 СЛУЖБЕНИЦИ
  • ЈЗУ УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГИЈА ВРАБОТУВА 6 СЛУ...
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО СОБРАНИЕ НА РМ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АЕК - ПЛАТА: 80.834 ДЕНАРИ
  • АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ ВРАБОТУВА 4 СЛУЖБЕНИЦИ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АГЕНЦИЈА ЗА ПЛАНИРАЊЕ НА ПРОСТОРОТ
  • JUNIOR IT SUPPORT SPECIALIST
  • ШАНКЕР/КА
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ДРЖАВЕН ИСПИТЕН ЦЕНТАР СКОПЈЕ
  • МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ ВРАБОТУВА 2 СЛУЖБЕНИЦИ
  • ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ ВРАБОТУВА PRODUCTION ENGINEER
  • УЈП ВРАБОТУВА 9 СЛУЖБЕНИЦИ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ
Најактивни региони
  • нема информација (30)
  • Надвор од Македонија (10)
  • Скопје (4)
Издвоени огласи

Профил на компанијата

Логирајте се за да внесете оглас и да ги уредувате веќе внесените огласи за вработување.

Логин форма

Вработи.се е платформа којашто на сите баратели на работа и нови можности за напредок во кариерата им овозможува најлесен и најбрз пристап до сите отворени позиции за вработување или пракса во компании од најразлични индустрии.

Со децениско постоење на македонскиот пазар и огромно портфолио на задоволни клиенти, Вработи.се ги поврзува компаниите чијашто цел е градење на тим од професионалци со сите кандидати заинтересирани за професионален напредок. 

Платформата Вработи.се е поддржана од компанијата Ignite Global Media.

  • Често поставувани прашања
  • Внеси оглас
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Ценовник
  • Референтна листа
  • Блог
  • За нас
  • Контакт
  • info@vraboti.se

  • Архива
2026 Вработи.се © - Сите права се задржани