Вработи.се ...Најбрзо и најлесно!
  • дома
  • за нас
  • блог
  • mk
    • МК
    • EN
  • внеси оглас
  • најави се
    • работодавач
    • работобарател

  • 2 НОВИ ОГЛАСИ
  • 37 АКТИВНИ ОГЛАСИ
  • 4897 КОМПАНИИ
  • 44674 ИСПРАТЕНИ АПЛИКАЦИИ
  • 209403 ОБЈАВЕНИ ОГЛАСИ
  • 22-09-2022

„Постојано аплицирам, а не добивам повратен одговор“ – број 1 проблем на Македонците при потрага по работа

Еден од најфрустрирачките аспекти на барање на работа е не добивање на повратен одговор. Ја испраќате вашата апликација со CV, биографија и мотивациско писмо за да одговараат на конкретните детали од описот на работното место, но сепак - ништо, никаков одговор. Го вложувате сиот тој труд и не добивате никакви резултати. Ова е особено фрустрирачки ако се чувствувате како да сте квалификуван кандидат погоден за работното место за кое аплицирате. Но, ако не добивате повратен одговор од работодавците, знајте дека не сте сами. 

Мора да има некакво објаснување, нели? На крајот на краиштата, вашите вештини, претходното работно искуство и целокупното знаење што го имате ве прават силен кандидат. Ако не добивате повратен одговор за работните места на кои сте аплицирале, веројатно има причина зошто работодавците не реагираат. Всушност, постојат неколку причини. 

Го немате прилагодено CV-то за конкретната работна позиција

Кога барате работа, од клучно значење е да имате приспособено CV за секоја позиција на која аплицирате. Ова значи да наведете кои вештини и искуство ги имате кои се конкретно релевантни за работата за која аплицирате.

Ако вашето CV e генерички документ кој „одговара“ на сите работни позиции, работодавците тоа секако ќе го приметат. Според тоа, има големи шанси тие да ја одбијат вашата апликација затоа што тоа не покажува дека сте погодни за позицијата.

Совет: 

За да креирате CV кое е прилагодено на конкретната работна позиција, внимателно прочитајте го описот на работата. Според описот, нагласете ги вештините и искуството што одговараат на наведените барања. За крај, користете ги клучните зборови кои се наведени низ вашето CV за да го привлечете вниманието на оние кои го читаат. 

Не е одлука само на една личност

Многу често апликациите не се разгледуваат само од едно лице, туку од тим од луѓе. Па така, дури и ако на едно лице му се допаѓа вашата апликација, таа сепак може да биде одбиена ако остатокот од тимот не се согласува. Може да се каже дека повеќето апликации за работа се разгледуваат од најмалку три лица: менаџер, регрутер и претставник за човечки ресурси. Секој од нив има свое мислење за тоа што го прави кандидатот добар.

Совет:

Може да се обидете да контактирате со некого во компанијата, како што е регрутер, менаџер, па дури и некој во друг оддел. Ова може да ви ја зголеми веројатноста за сериозно разгледување на вашата апликација. Ако не познавате никого во компанијата, доколку огласот тоа го дозволува, прикачете мотивациско писмо и портфолио. Гледањето на резултатите од наведените вештините може да помогне.

Не сте квалификувани

Во некои случаи, не добивате повратни одговори на вашите апликации за работа затоа што едноставно не сте квалификувани за истата. Ова се случува ако аплицирате за работни места кои се надвор од вашата струка или ако немате специфични вештини. За да го поправите ова, треба да истражите кои квалификации се потребни за работата за која ве интересира. Потоа, пред да аплицирате проверете дали ги имате тие квалификации.

Совет: 

Може да размислите за посетување на курсеви во сродни области. Тоа не само што ќе ви даде вештини што може да ги ставите во вашето CV, туку може и ќе се стекнете со сертификат од некаков вид кој може да го зајакне вашиот кредибилитет. Друга опција е да добиете одредено искуство во областа за која аплицирате. Тоа може да ви помогне да се издвоите од другите кандидати и да ги зголемите вашите шанси да се вработите. Една одлична опција е стажирање.

Некогаш нема очигледни грешки

За крај важно е да запомните дека можеби нема очигледни грешки во вашата апликација за работа. Понекогаш, едноставно не ве избираат за следниот круг. Постојат неколку причини зошто тоа може да се случи. Можеби компанијата добила премногу апликации и морала да донесе тешка одлука. Или можеби имало друг кандидат кој е посоодветен за работата.

Нема начин да се знае зошто не сте избрани. Но, не се обесхрабрувајте само продолжете да аплицирате за работа, и на крајот, ќе најдете некоја што добро ви одговара.

Кога може да бидете сигурни дека не добивање повратен одговор е лоша вест?

Ако сте аплицирале за работно место и немате добиено никаков одговор, а поминати се две или повеќе недели, може да се претпостави дека не сте ја добиле работата. Работодавците обично сакаат побрзо да контактираат со кандидатите за кои се заинтересирани. Значи, ако немате добиено повратен одговор, тоа значи дека нашле некој друг.

Се разбира, секогаш постојат исклучоци од ова правило. На пример, ако аплицирате за работа со голема побарувачка, на работодавачот може да му е потребно повеќе време да ги разгледа сите апликации. Во овој случај, може да почекате и повеќе недели пред тие да донесат одлука. 

Што да направите ако не добиете повратен одговор?

Ако аплицирате за работни места, но често не добивате повратен одговор сериозно размислете да го надградите или измените/дополните вашето CV и мотивациско писмо, пред да аплицирате за други позиции. Од суштинско значење е да се избегнат вообичаени грешки во CV-то, како што е користење нејасен јазик или пишување премногу информации. Ова само ќе им направи поголем проблем на работодавците да ги видат вашите квалификации.

Статии
Најчести визуелни грешки во CV-то што ве чинат интервју
  • 14-08-2025
Како да научите нови вештини за само 15 минути дневно
  • 14-08-2025
Како да изберете референти кои ќе ви помогнат во добивањето на работа
  • 13-06-2025
Како да ги истакнете кариерните паузи на позитивен начин
  • 13-06-2025
Како да се подготвите за интервјуа со повеќе испитувачи
  • 06-05-2025
Категории
  • Интервјуа
  • Совети
  • Колумни
  • Новости
  • Разно
Топ омилени огласи
  • ХИГИЕНИЧАР
  • ГОТВАЧ/КА
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО РКЕ - ПЛАТА ДО 79.000 ДЕНАРИ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА
  • МОН ВРАБОТУВА 11 СЛУЖБЕНИЦИ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЈЗУ УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА РЕСПИРАТОРНИ ЗАБ...
  • РКЕ ВРАБОТУВА - ПЛАТА: 79.623 ДЕНАРИ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА И ТУРИЗАМ ВРАБОТУВА
  • УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ - ЈНУ“ ВРАБОТУВА
  • МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА И ТРУД ВРАБОТУВА
  • АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА
  • БРАВАРИ И ЗАВАРУВАЧИ
  • RABOTA ZA PROFESOINALNI VOZACI NA KAMIONI CERADA
  • ОПЕРАТОР НА МАШИНА ВО ПРОИЗВОДСТВО
Најактивни индустрии
  • Разни области (20)
  • Прехранбена (5)
  • Угостителство (3)
  • Градежништво и Архитектур... (2)
  • Производство (2)
  • Медицина и здравство (1)
  • Дистрибуција и Логистика (1)
  • Земјоделство (1)
  • Спорт (1)
  • Продажба и трговија (1)
Најчитани огласи
  • ИНЖЕНЕР – ТЕХНОЛОГ ВО ПРОИЗВОДСТВО
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО РКЕ - ПЛАТА ДО 79.000 ДЕНАРИ
  • ОПШТ РАБОТНИК
  • ТРАНСПОРТЕН РАБОТНИК ВО МАГАЦИН
  • ГОТВАЧ/КА
  • ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР , ГРАДЕЖЕН ТЕХНИЧАР, МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР, ГЕОМЕТАР, РА...
  • МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА И ТРУД ВРАБОТУВА 21 СЛУЖБЕНИК
  • РКЕ ВРАБОТУВА - ПЛАТА: 79.623 ДЕНАРИ
  • МОН ВРАБОТУВА 11 СЛУЖБЕНИЦИ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЈЗУ УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА РЕСПИРАТОРНИ ЗАБ...
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА
  • ЈП НАЦИОНАЛНИ ШУМИ ВРАБОТУВА 24 СЛУЖБЕНИЦИ
  • ХИГИЕНИЧАРКА
  • ПРОДАВАЧ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
Најактивни региони
  • нема информација (20)
  • Скопје (13)
  • Македонија (1)
  • Охрид (1)
  • Тетово (1)
  • Велес (1)
Издвоени огласи

Профил на компанијата

Логирајте се за да внесете оглас и да ги уредувате веќе внесените огласи за вработување.

Логин форма

Вработи.се е платформа којашто на сите баратели на работа и нови можности за напредок во кариерата им овозможува најлесен и најбрз пристап до сите отворени позиции за вработување или пракса во компании од најразлични индустрии.

Со децениско постоење на македонскиот пазар и огромно портфолио на задоволни клиенти, Вработи.се ги поврзува компаниите чијашто цел е градење на тим од професионалци со сите кандидати заинтересирани за професионален напредок. 

Платформата Вработи.се е поддржана од компанијата Ignite Global Media.

  • Често поставувани прашања
  • Внеси оглас
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Ценовник
  • Референтна листа
  • Блог
  • За нас
  • Контакт
  • info@vraboti.se

  • Архива
2025 Вработи.се © - Сите права се задржани