Детали за огласот

СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК

Детали за огласот

Здружението на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци Љубезност од Скопје вработува дипломиран социјален работник во редовен работен однос на определено време од дванаесет месеци, заклучно со ноември 2026 година, со можност за продолжување.

Работна задача на социјалниот работник е воспоставување и одржување постојана комуникација со крајните корисници, детектирање на социјалните ризици со кои тие се соочуваат и потребите кои ги имаат и изработка на социјални анамнези на семејствата. Потребна е комуникација со корисниците, соработниците и партнерските организации, водење случаи, советодавна работа, индивидуална работа со корисниците,, познавање на законската регулатива од областа на социјалната и детската заштита и психосоцијална поддршка на корисници.

Социјалниот работник да знае да работи со ранливи категории да работи на терен во домовите на корисниците, да пишува социјални анамнези, да пополнува формулари, да обезбедува лични документи за корисниците, да комуницира со државни институции и да ги придружува корисниците до овие институции.

Приоритет ќе имаат оние со искуство со и сертификати за работа во граѓанскиот сектор и работа со ранливи групи на граѓани.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават на contact@ljubeznost.mk или да не контактираат на 078 263 792.