ОПЕРАТИВЕН МЕНАЏЕР ЗА МОНТАЖА И ТЕХНИЧКИ МЕРЕЊА
- Градежништво и Архитектура
- Скопје
- Доорс Импекс ДООЕЛ
- 30-08-2026
Детали за огласот
Поради проширување на нашиот тим, бараме одговорна, комуникативна и технички ориентирана личност, која ќе биде клучна врска помеѓу клиентите, монтажните екипи, продажниот тим и раководството на компанијата.
Оваа е диманична позиција која комбинира технички мерења, Site Management, комуникација со клиенти и раководење со монтажните екипи, со одговорност за процесот од земање мерки до успешно завршена монтажа.
Главни задачи и одговорности
Прецизно земање мерки на објект за гаражни, индустриски и противпожарни врати, автоматика и други производи од нашата програма, дефинирање на соодветното техничко решение. Читање на технички проекти и проверка на подготвеноста на објектот за монтажа Професионална комуникација и советување на клиентите, со цел градење доверба и успешно реализирање на продажбата Планирање, организација и координација на монтажите и монтажните екипи Техничка координација на објект (Site Management) со инвеститори, изведувачи и останати учесници во проектот Контрола на квалитетот, роковите и правилното извршување на монтажите Следење на KPI и резултатите на монтажните екипи и редовно известување до претпоставениотПотребни квалификации и вештини
Способност за читање и разбирање на технички цртежи, планови и проекти Способност за изработка на основни технички скици и цртежи Добри комуникациски и организациски способности и професионален однос со клиенти Способност за раководење, координација на луѓе и донесување одлуки на терен Основна компјутерска писменост и способност за водење евиденција и извештаи Возачка дозвола Б категорија Предност имаат кандидати со завршено инженерско или друго техничко образование Искуство во градежништво, работа на градилиште, монтажа или соработка со изведувачи и инвеститори се смета за значителна предност Познавање на AutoCAD или слични програми за техничко цртање се смета за предностПретходно искуство со гаражни, индустриски или противпожарни врати не е задолжително.
Добредојдени се и млади инженери и дипломирани техничари – компанијата обезбедува целосна обука за производите, земањето мерки, монтажните системи и специфичностите на работата.
Нудиме
Работа во стабилна и растечка компанија Одговорна позиција со можност за професионален и менаџерски развој Целосна обука за производите и начинот на работа Фиксна плата + систем на бонуси поврзан со резултатите и KPI (50 000 – 80 000 денари) Годишен одмор – 21 работен ден Возило за службени патувања , лаптоп и телефон Пријатна работна средина и тимска поддршкаДоколку се препознавате во овој опис и сакате да станете дел од нашиот тим, испратете ја Вашата биографија (CV), кратко мотивационо писмо и контакт информации на:
E-mail: hr@doorsimpeks.mk Тел. : 078 365 676
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.
Останати огласи од ист регион
-
ОПШТИ РАБОТНИЦИ
- Сообраќај
- Скопски
- Виадукт Трејд
- 22-09-2026
- 1 БЕСПЛАТЕН
-
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО
- Прехранбена
- Скопје
- АД ЕВРОПА СКОПЈЕ
- 03-09-2026
- 1 ПРЕМИУМ
-
ТЕЛЕФОНИСТ
- Електроника и Телеко...
- Скопски
- Изи Лајф Дооел
- 19-09-2026
- 1 БЕСПЛАТЕН
-
ПОМОШНИК СМЕТКОВОДИТЕЛ
- Сметководство
- Скопски
- Компанија НМ
- 19-09-2026
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
ENGLISH LANGUAGE LEARNING SPECIALIST
- Образование и наука
- Скопски
- хаиѕуе
- 22-09-2026
- 1 БЕСПЛАТЕН
-
РЕФЕРЕНТ ЗА НАБАВКА
- Прехранбена
- Скопје
- АД ЕВРОПА СКОПЈЕ
- 03-09-2026
- 0 ПРЕМИУМ


