Детали за огласот

  • Ри-Траде ДООЕЛСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни места1
  • Контакт телефон+38971339257
  • Контакт емаилsmetkovoditelsk@gmail.com
  • Веб странаwww.ritrade.mk
  • Код на огласотTHGJGIH

JUNIOR ACCOUNTANT

Детали за огласот

За нас

Ri-Trade Accounting & Consulting е сметководствено и консултантско биро од Скопје со повеќе од 35 години традиција. Со долгогодишно искуство, професионален пристап и континуирано вложување во знаење, претставуваме сигурен партнер на голем број домашни и странски компании.Како членка на MSI Global Alliance, една од водечките меѓународни асоцијации на независни сметководствени, правни и консултантски компании, работиме според високи професионални стандарди и постојано го унапредуваме квалитетот на нашите услуги.Во моментов го прошируваме нашиот тим и бараме Junior Accountant – личност која сака да ја гради својата кариера во стабилна компанија, каде што се ценат посветеноста, одговорноста и желбата за континуирано учење и професионален развој.

Работни обврски

·        Обработка и евидентирање на сметководствена документација (влезни и излезни фактури, банкови изводи и останата финансиска документација)

·        Учество во подготовка на пресметки на плати

·        Комуникација со клиенти

·        Работа во современ сметководствен софтвер

·        Поддршка во секојдневните сметководствени активности

Потребни квалификации и вештини

·        Најмалку 2 години работно искуство на иста или слична позиција

·        Одлично познавање на MS Office (особено Excel)

·        Самоиницијативност

·        Желба за континуирано учење и професионален развој

·        Одговорност

·        Лојалност

·        Организираност и внимание на детали

·        Способност за тимска работа

Што нудиме

·        Работа во сигурна и стабилна компанија со повеќе од 35 години традиција

·        Менторство и професионална поддршка од искусен тим

·        Работа со клиенти од различни индустрии и дејности

·        Позитивна и пријатна работна атмосфера

·        Конкурентна и мотивирачка плата согласно знаењето, искуството и придонесот

Доколку сметаш дека ги исполнуваш овие карактеристики и имаш желба да бидеш дел од нашиот тим испрати го твоето CV na : smetkovoditelsk@gmail.com