Детали за огласот

МАГАЦИОНЕР

Детали за огласот
Поради зголемен обем на работа, имаме потреба од Магационер за работа во компанија која се занимава со изведба на градежно-завршни работи и одржување на објекти. Потребни квалификации:Работно искуство како магационер (предност имаат кандидати со искуство во градежни материјали).Познавање на градежно-завршни материјали (електрика, водовод и канализација, керамика, молерисување, гипс-картонски системи, преградни ѕидови, алати и потрошен материјал).Солидно познавање на работа со компјутер.Искуство со внес и евиденција на роба во магацински систем.Возачка дозвола Б категорија.Одговорност, организираност и педантност во работењето. Работни задачи:Прием, складирање и издавање на материјали и алати.Внес и ажурирање на прием и излез на роба во магацинскиот систем.Задолжување и раздолжување на мајсторите со материјали и алати.Водење точна евиденција за залихите и расходот на материјалите.Следење на минимални залихи и навремена подготовка на барања за набавка.Организација и одржување на магацинот чист, уреден и функционален.Контрола на состојбата и исправноста на алатите и опремата.Учество во пописи и усогласување на магацинската евиденција. Нудиме:Редовна и конкурентна плата.Пријавен работен однос со сите законски права.Работа во стабилна и растечка компанија.Пријатна работна атмосфера и можност за долгорочен ангажман. Доколку ги исполнувате условите и сакате да бидете дел од нашиот тим, испратете ја вашата биографија на емаил donholding@donholding.com.mk или контактирајте нè на телефон 078 291 159 за повеќе информации.