ИМПЛЕМЕНТАТОР НА ЕРП СОФТВЕР
Детали за огласот
Имплементатор на ЕРП софтвер
Во Сигма-СБ, веруваме и практично покажуваме како технологијата има моќ да го трансформира секој бизнис – и тоа го правиме од 1995 година наваму! Ние сме македонска ИТ компанија која не само што испорачува софтвер, туку и гради долгорочни партнерства со клиентите – како нивен стратешки партнер во растот и успехот, веќе 30 години. Нашата компанија е составена од тим на вешти и лојални луѓе, каде некои својата кариера ја започнале во компанијата и сеуште се дел и причината за нејзината успешна приказна. Сега компанијата се наоѓа пред следната етапа на својот еволутивен развој и раст и сме во потрага на следниот колега или колешка кои својата кариера ќе ја започнат и/или развиваат заедно со нас и во наредните 30 години.
За да бидеме подготвени на време, селекцијата почнува сега, а стартот на работната позиција е од 01.09.2026 — за да влезете во тимот одморени и енергични по летните одмори!
Бараме кандидатка/кандидат која/кој има искуство во имплементација на ЕРП решенија. Која/Кој е позитивна и ведра личност и сака да комуницира со клиенти на начин кој ќе им покаже вистинска грижа и разбирање за нив и нивните потреби.
Идеално би било да најдеме човек кој идентификува потенцијални точки за подобрување, кој размислува критично и практично дава предлози за решенија кога ќе се појават проблеми, кој може да се фокусира на најважната активност кога има многу работа едновремено, кој сака да учи кога не знае и кој мотивира кога останатите се обесхрабрени.
Доколку и ти гледаш предизвик во ИТ индустријата и имаш око за вистински вредности, ова е местото каде твојот следен чекор може да стане кариера со вистинско влијание. Ќе работиш директно со нашите клиенти, а истовремено ќе добиваш безрезервна поддршка од колешки и колеги кои имаат остри умови, брзо учат и прифаќаат нови идеи и искрено се грижат за доброто на сите вработени и клиенти во заедничката приказна, наречена Сигма-СБ!
Главните обврски и активности кои се очекуваат успешно да се исполнуваат од потенцијалните кандидати се:
- Анализа и документирање на потребите на корисниците
- Прибирање и документирање на јасни, концизни и недвосмислени функционални спецификации за софтвер
- Управување со промени на договорените барањата во однос на рок и содржина, за да се обезбеди договорените рокови да бидат навремено исполнети
- Tесна соработка со проект менаџери и програмери за да се обезбедат најдобри резултати.
- Извршување на проектни активности според дефинирани проектни задачи
- Дефинирање на задачи за останати членови на тимот
- Контрола (тестирање) на резултатот на доделените задачи
- Организирање и спроведување на обуки според кориснички потреби
- Подготовка на извештаи за статус на проект
Од потенцијалните кандидати очекуваме да поседуваат некои од следниве вештини:
-Напредно познавање на деловни процеси во компании
-Напредно познавање на економска терминологија која се користи во областа на компаниски менаџмент
-Одлични аналитички вештини
-Комуникациски вештини
-Вештини за пишување
-Вештина за работа на повеќе проекти и менаџирање на сопственото време
-Основно ниво на информатичко знаење
-Дополнително, од потенцијалните кандидати очекуваме да имаат општо познавање од следниве области:
-Општ бизнис менаџмент
-Финанскиски менаџмент
-Управување со производство, трговија и залихи (магацини)
-Управување со дистрибуција и големопродажба
-Малопродажба
-Човечки ресурси
Потенцијалните кандидати посакувано е да поседуваат некое од следново образование:
-Бизнис администрација – општ менаџмент, финансиски менаџмент или
-Економија – сметководство, е-бизнис, финасии или
-Компјутерски науки – програмирање, администрација на бази на податоци, дизајн на софтвер
Како предност ќе се смета доколку потенцијалните кадидати имаат:
-Солидно познавање на бази на податоци (MS SQL)
-Искуство во имплеметација на ЕРП и WMS системи
-Искуство со програмирање
Што може да очекувате од нас:
-Соодветен и конкурентен компензациски пакет врз основа на искуството и потенцијалот на кандидатот и исполнување на плановите
-Работа со тим од професионалци и индивидулаци, кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација
-Работа со најнови технологии во индустријата
-Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа
-Пријатна работна атмосфера
-Работното место е од дома, со флексибилно работно време, односно хибриден модел на работење од канцеларија и од дома и во зависност и потреба од проектот, работа на терен (кај клиент).
Апликацијата испратете ја на rabota@sigmasb.com.mk со предмет на пораката: за Имплементатор на ЕРП Софтвер
Огласот е отворен до 02.06.2026 година.
Останати огласи од ист регион
-
ДИСТРИБУТЕР/МАГАЦИОНЕР
- Трговија
- Скопски
- НИВО СУПЕРИОР
- 17-06-2026
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК
- Сметководство
- Скопски
- Компанија НМ
- 18-06-2026
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
ДИСТРИБУТЕР
- Дистрибуција
- Скопски
- Пуре Лифе Косметикс ДОО
- 18-06-2026
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
- Сметководство
- Скопски
- ГОЛД ГРУП ДООЕЛ Скопје
- 15-06-2026
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР
- Фармација
- Скопски
- ПЗУ Аптека Фанури Фарм
- 20-06-2026
- 0 НОВ БЕСПЛАТЕН
-
ФАРМАЦЕВТ
- Фармација
- Скопски
- ПЗУ Аптека Фанури Фарм
- 20-06-2026
- 0 НОВ БЕСПЛАТЕН



