Детали за огласот

  • Адвокатска Канцеларија БошњаковскиСкопје
  • Плата до 60.000
  • Вид на вработувањеПо договор
  • Број на работни места1
  • Контакт телефон070257879
  • Контакт емаилvladimir@boshnjakovski.com
  • Веб странаhttps://boshnjakovski.com/
  • Код на огласотTHGIMNH

АДВОКАТ

Детали за огласот

ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ – АДВОКАТ 

Адвокатската канцеларија Бошњаковски е адвокатска канцеларија со седиште во Скопје, со изразен фокус на работа со меѓународни компании, инвеститори и индивидуални клиенти.

Во моментов објавуваме повик за една позиција: правник со положен правосуден испит или адвокат со лиценца.

Нашата работа е фокусирана во неколку комплементарни области:

1. Деловно и трговско право, каде што советуваме компании кои работат во сектори како што се ИТ и технологија, финансии, градежништво, развој на недвижности и други стопански дејности. Во оваа област работиме на договори и преговори, корпоративни и регулаторни прашања, лиценцирање, трудово право, заштита на лични податоци, интелектуална сопственост, финансиско право и прашања поврзани со даноци.

 2. Меѓународно граѓанско право, во рамки на кое застапуваме странски физички лица и припадници на дијаспората во постапки поврзани со наследство, развод, старателство, државјанство и други прекугранични семејни и граѓанско-правни прашања. 

3. Миграционо право, каде што работиме за познати глобални корпорации, но и индивидуални инвеститори и дигитални номади во постапки за добивање дозволи за престој и работа.

Тоа што нудиме е:

- професионална и поддржувачка средина, во рамки на млад, мотивиран и искусен тим.

·        - култура која вреднува одговорноста, самостојноста и интелектуалната љубопитност.

·       - јасно дефиниран пат за станување на адвокат како партнер во нашата канцеларија (partnership track), при што кандидатите постепено ќе се развиваат не само како правници, туку и како дел од долгорочната деловна стратегија на канцеларијата.

·        - конкурентна плата и денови за одмор над законскиот минимум.

Кандидатите кои аплицираат треба да ги исполнуваат следните услови:

·        - Адвокатски лиценца или минимум положен правосуден испит

·        - Најмалку две години работно искуство

·        - Одлично познавање на англискиот јазик

·        - Познавање на други јазици

·        - Силна мотивација за личен напредок

Заинтересираните кандидати се поканети да достават биографија (CV) на: vladimir@boshnjakovski.com