(Неактивен) - АДВОКАТ
- Право
- Скопје
- Адвокатска Канцеларија Бошњаковски
- 13-05-2026
Детали за огласот
ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ – АДВОКАТ
Адвокатската канцеларија Бошњаковски е адвокатска канцеларија со седиште во Скопје, со изразен фокус на работа со меѓународни компании, инвеститори и индивидуални клиенти.
Во моментов објавуваме повик за една позиција: правник со положен правосуден испит или адвокат со лиценца.
Нашата работа е фокусирана во неколку комплементарни области:
1. Деловно и трговско право, каде што советуваме компании кои работат во сектори како што се ИТ и технологија, финансии, градежништво, развој на недвижности и други стопански дејности. Во оваа област работиме на договори и преговори, корпоративни и регулаторни прашања, лиценцирање, трудово право, заштита на лични податоци, интелектуална сопственост, финансиско право и прашања поврзани со даноци.
2. Меѓународно граѓанско право, во рамки на кое застапуваме странски физички лица и припадници на дијаспората во постапки поврзани со наследство, развод, старателство, државјанство и други прекугранични семејни и граѓанско-правни прашања.
3. Миграционо право, каде што работиме за познати глобални корпорации, но и индивидуални инвеститори и дигитални номади во постапки за добивање дозволи за престој и работа.
Тоа што нудиме е:
- професионална и поддржувачка средина, во рамки на млад, мотивиран и искусен тим.
· - култура која вреднува одговорноста, самостојноста и интелектуалната љубопитност.
· - јасно дефиниран пат за станување на адвокат како партнер во нашата канцеларија (partnership track), при што кандидатите постепено ќе се развиваат не само како правници, туку и како дел од долгорочната деловна стратегија на канцеларијата.
· - конкурентна плата и денови за одмор над законскиот минимум.
Кандидатите кои аплицираат треба да ги исполнуваат следните услови:
· - Адвокатски лиценца или минимум положен правосуден испит
· - Најмалку две години работно искуство
· - Одлично познавање на англискиот јазик
· - Познавање на други јазици
· - Силна мотивација за личен напредок
Заинтересираните кандидати се поканети да достават биографија (CV) на: vladimir@boshnjakovski.com
Останати огласи од ист регион
-
AДМИНИСТРАТИВНО - ФИНАНСИСКИ АСИСТЕНТ
- Угостителство
- Скопје
- БИСИ- ДООЕЛ
- 24-09-2026
- 0 ПРЕМИУМ
-
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО
- Прехранбена
- Скопје
- АД ЕВРОПА СКОПЈЕ
- 03-09-2026
- 1 ПРЕМИУМ
-
ПИЦА МАЈСТОР
- Угостителство
- Скопје
- Градски Кеј ДООЕЛ - Скопје
- 24-09-2026
- 0 ПРЕМИУМ
-
МАГАЦИОНЕР
- Трговија
- Скопски
- ЕУРО - ТЕКНИКА
- 22-09-2026
- 1 БЕСПЛАТЕН
-
РЕЦЕПЦИОНЕР
- Хотелиерство
- Скопски
- Урбан Хостел ДОО
- 22-09-2026
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
САЛАТЕР/КА
- Угостителство
- Скопје
- Градски Кеј ДООЕЛ - Скопје
- 24-09-2026
- 0 ПРЕМИУМ


