Детали за огласот

  • ESG PRO DOOСкопје
  • Плата 28000-40000
  • Вид на вработувањеРабота од дома
  • Број на работни места1
  • Контакт телефоннема информација
  • Контакт емаилesgpromk@gmail.com
  • Веб странаhttps://esgpro.co.uk/
  • Код на огласотTHGIHHJ
  • Квалификации

КОНСУЛТАНТ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

Детали за огласот

Се работи за стартна (entry level) позиција. Улогата на консултантот за одржлив развој е да ја поддржува работата на компанијата во областа на пресметка на јаглероден отпечаток, како и прегледување и ревидирање на праксите во синџирите на снабдување на клиентите. Работната позиција главно опфаќа прибирање податоци, квантитативна и квалитативна анализа, споредба на перформансите на добавувачите, како и подготовка на структурирани излезни материјали. Позицијата бара силни аналитички способности, точност при работа со податочни сетови и способност за склопување на резултати во јасни писмени извештаи.

Клучни одговорности:

1. Јаглеродни пресметки

Прибирање, организирање и валидација на податоците на клиенти потребни за проценка на јаглероден отпечаток (енергија, горива, отпад, логистика, службени патувања, набавки и сл.).

Одржување и ажурирање на бази на емисиони фактори и правилна примена на методологии за пресметка.

Извршување пресметки за Scope 1, 2 и 3 емисии во Excel или во интерни алатки, согласно признати стандарди (GHG Protocol, ISO 14001).

Идентификување неусогласености или празнини во податоците и комуникација со релевантните тимови или клиенти.

Подготовка на структурирани пресметковни датотеки, придружни белешки и резимеа за внатрешна ревизија.

2. ESG Ревизија на синџир на снабдување (Supply Chain Auditing)

Прибирање квантитативни и квалитативни податоци од добавувачи преку прашалници, преглед на документација и ревизорски информации.

Споредување на собраните податоци со дефинирани ESG-критериуми, бенчмаркови и специфични барања на клиентите.

Асистенција при изведување на оценување на добавувачи, рангирање и анализа на ризик.

Поддршка при проверка на документација поврзана со усогласеност во доменот на животна средина, социјални и управувачки аспекти.

Придонес во аудиторски белешки, анализа на празнини и препораки.

3. Работа со податоци и анализа

Интензивна работа со Excel и слични алатки за обработка, чистење, консолидација и споредба на податоци.

Структурирање податочни сетови во јасен и логичен формат усогласен со внатрешни процеси и извештајни рамки.

Идентификација на трендови и изработка на основни аналитички прегледи.

4. Извештајност и документација

Подготовка на концизни писмени материјали, вклучувајќи извештаи, белешки од евалуација на добавувачи и објаснувања за јаглеродни пресметки.

Подготовка на табели, графикони и визуелизации на податоци по потреба.

Осигурување дека целокупната работа ги исполнува внатрешните стандарди за квалитет и конзистентност.

5. Внатрешна соработка

Блиска соработка со повисоки консултанти и проектни лидери на ESG - проекти.

Асистенција при подобрување на методологии, шаблони и интерни алатки поврзани со пресметка на јаглеродни емисии и SCA-процеси.

Одржување високи стандарди на доверливост на податоци и професионално однесување.

5. Потребни вештини и компетенции

Силни аналитички и нумерички способности; работа со комплексни податочни сетови.

Одлично познавање на англиски јазик.

Напредно познавање на Excel (функции, техники за анализа).

Способност за интерпретација на ESG-документација, легислативи и критериуми.

Добри писмени комуникациски вештини за резимирање на резултати.

Организираност, систематичност и способност за извршување повеќе задачи истовремено.

6. Предности

Познавање ESG-стандарди (GHG Protocol, ESRS/CSRD, GRI и сл.).

Искуство со ревизорски процеси или познанства од вршење на анализи на синџири на достава.

Образование или позадина во одржливост, животна средина, инженерство, економија или сродни области.