Детали за огласот

ОКУПАЦИОНЕН ТЕРАПЕВТ

Детали за огласот

Здружението за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци Љубезност од Скопје бара окупационен терапевт (може и сродна професија) за работа со ранливи категории на граѓани, кој ќе работи во групи со нив, работно ќе ги оспособува, ќе ги едуцира за практични вештини и работни навики, ќе им изработува работни биографии и мотивациски писма и ќе посредува за нивно вработување.

Потребно е да има искуство во работа со ранливи категории на граѓани, емпатија, трпение и добри комуникациски и едукаторски вештини. Познавањето на англиски и ромски јазик, како и работа со компјутери, особено со пакетот MS Оffice ќе се смета за предност.

Вработувањето е во редовен работен однос со платен стаж и придонеси, на определено време од 12 месеци и со 90% работно време (36 часа неделно).