Детали за огласот

  • АД ЕВРОПА СКОПЈЕСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеОпределено
  • Број на работни местанема информација
  • Контакт телефон023114066
  • Контакт емаилhr@evropa.com.mk
  • Веб странаwww.evropa.com.mk
  • Код на огласотTHGIFOJ

ИНЖЕНЕР – ТЕХНОЛОГ ВО ПРОИЗВОДСТВО

Детали за огласот

 AД Европа: Слатка бајка на вкусови кои гарантираат уживање!

                                Уживајте во вкусот кој ги поминува границите и ги надминува вашите очекувања

 

               AД Европа е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 140 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот.

               Така, пренесувајќи го искуството и зголемувајќи го квалитетот низ повеќе генерации, таа станува она што е денес – стабилна индустриска компанија со продажба на своите производи на странски и домашен пазар.

                                                       AД Европа има потреба од следната работна позиција:

                                                                        ТЕХНОЛОГ во производство

 

Потребни квалификации:

- ВСС (завршено високо образование)

- Технолошко- металуршки факултет

- Со или без работно искуство (Работно искуство ќе се смета за предност).

 

За извршување на горенаведените работни задачи, вработениот треба да ги поседува следните лични особини и карактеристики:

- Прецизност, брзина, одговорност, посветеност на работата и работа во тим.

- Способност за решавање на проблеми.

·  Флексибиност за работа во смени.

 

Опис на работните задачи кој ќе ги извршува :

- Врши распоред на работници по работни места

- Одговорен за квалитет и квантитет на производство во своја смена;

- Требува суровини и амбалажа за дневно производство;

- Врши евидентирање на предадени и примени количини на полупроизводи меѓу сектори;

- Редовно евидентира присутни и отсутни работници и исполнување на норми; застој на машини и причини за истите;

- Одговара за дисциплина во работатата, користење на работното време;

- Води дневник за производство и книга за следливост на производот;

- Запознаен e со принципите на HACCP, ISO, IFC и останати стандарди како и обврските од ЗБЗР и истите ги спроведува (контролира) и ги применува во работењето.

 

Компанијата нуди:

 - Можност за вработување на неопределено време

-  Можност за стручно усовршување

- Стабилност

- Можност да ја развивате својата кариера во една добро позната компанија со долгогодишна традиција

- Позитивна работна атмосфера

- Динамична работа во професионално окружување

- Редовни месечни примања

- Исплата на регрес за годишен одмор (К15)

- Годишен одмор од најмалку 20 дена

- Обезбеден оброк

- Сладок пакет производи за најголемите празници.

 

Сите кандидати кои се заинтересирани за ова работно место, имаат можност да аплицираат на овој оглас со доставување на CV на следниот mail:  hr@evropa.com.mк

Ве молиме да наведете во subject: Апликација за Технолог во призводство. Само избраните кандидати ќе бидат повикани на селективно интервју.