Детали за огласот

  • Би-МЕК ДООСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањенема информација
  • Број на работни места2
  • Контакт телефоннема информација
  • Контакт емаилmedical@bimek.com.mk
  • Веб странаwww.bimek.com.mk
  • Код на огласотTHGHONL

СЕРВИСЕР ЗА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА

Детали за огласот

Потребни квалификации:

·       Инженер од техничките науки  (ВСС: Машински / Електроинженер)  

·       Електро-техничар  (CCC во областа на електротехника)

Работно искуство во инсталирање, одржување и сервисирање на апарати во иста или слична област ќе се смета за предност

Обврски и одговорности:

·       Инсталација, монтажа и техничка обука за нова медицинска опрема според упатствата на производителите

·       Редовна коресподенција со добавувачи и клиенти за сервис на опремата

·       Технички прием на роба при сервис, комплетна евиденција, сервисирање на апаратите инсталирани од страна на компанијата

·       Навремено решавање на сервисни барања на клиентите во соработка со сервисниот тим

·       Следење на иновации во рамките на проблематиката поврзана со сервисирањето

·       Следење на обуки и вебинари од производителите на опремата

·       Да ги следи воспоставените стандардни оперативни процедури и добри практики во компанијата

 

Потребни вештини и способности:

·       Одлични комуникациски способности

·       Организираност и одговорност кон доверените работни задачи

·       Самоиницијативност и амбициозност за усовршување на знаење и вештини

·       Флексибилност и способност за тимско работење

·       Спремност да се носи со предизвици и кратки работни рокови

·       Активно познавање на англиски јазик

·       Одлично познавање на MS Office

·       Возачка дозвола Б категорија

·       Способност за работа на терен

Ние нудиме:

Нашата работна атмосфера е стимулирачка, иновативна и фокусирана на клиентите. Ние им нудиме на вработените најсовремени алатки и технологии, континуирана обука и можност за напредување, работа во амбициозен и професионален тим  со мoжност за посетување на обуки и стекнување на сертификати.

Ве поттикнуваме да ја започнете или продолжите својата кариера во динамичен и високопрофесионален тим со нови знаења за напредни медицински технологии и Ве повикуваме да ја испратите својата биографија со фотографија е-маил адреса: medical@bimek.com.mk со назнака СЕРВИСЕР ЗА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА најдоцна до 20.07.2025г.

 

*Во процесот на избор на кандидат за работното место ќе бидат исконтактирани единствено лицата кои ги исполнуваат условите од овој оглас.Сите пристигнати пријави ќе се сметаат за строго доверливи.