Детали за огласот

  • ПЗУ Специјална Болница ДИАМЕД СкопјеСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеОпределено
  • Број на работни места1
  • Контакт телефоннема информација
  • Контакт емаилнема информација
  • Веб страна
  • Код на огласотTHGHNOF

МЕДИЦИНСКА СЕСТРА

Детали за огласот

ПЗУ Специјалната болница за нефрологија со дијализа Diamed е дел од D.Med Healthcare Group со седиште во Дизелдорф, Германија. D.Med Healthcare Group е глобален проваидер на медицински услуги и производи со посебен фокус на нефрологија со дијализата како и производи во други медицински области. Специјалната болница Диамед, како дел од групацијата обезбедува висококвалитетни услуги за дијализа за пациенти кои имаат бубрежни заболувања, бубрежна инсуфициенција и пациенти кои се на хронична програма за хемодијализа и хемодијафилтрација. ПЗУ Специјалната болница Диамед располага со модерна биохемиска лабораторија која нуди лабораториски услуги за сите пациенти. Во 2016 година болницата успешно го имплементира системот за управување со квалитет и се стекна со Сертификат за квалитет според стандардот ISO 9001:2005, ICS, IQNET сертификат.  За потребите на болницата  ПЗУ Специјална болница по нефрологија со дијализа Диамед Скопје,  каде имаме потреба од:

 1. Медицинска сестра/техничар  на определено време

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА:

·         завршено средно/вишо образование од областа на медицина,

·          положен државен испит;

·         претходно работно искуство ќе се смета за предност/но може да конкурираат и кандидати без претходно работно искуство

·         познавање на работа со компјутер (Microsoft Office и Internet);

·         познавање на англиски јазик (пишување и зборување),

ЛИЧЕН ПРОФИЛ

·         Професионален однос кон работата, одговорност и дисциплинираност,

·         Почитување на правила и кодекс на работа,

·         Внимателност и прецизност при  работењето,

·         Способност за индивидуална и тимска работа,

·         Способност за преземање иницијатива и мотивираност за постојана едукација/надградба на знаењата,

·         Процена на проблеми и решавање на проблеми, флексибилност како и висока работна етика

Што нудиме:

Конкурентско месечно примање, регрес на годишен одмор, можност за дополнителни едукации, позитивна работна атмосфера, тимска работа, каде што посветеноста, професионализмот и лојалноста се препознаени.

  Дискреција на кандидатите е загарантирана и само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју. Доколку сметате дека ги исполнувате погоре наведените услови, испратете ни ја Вашата биографија односно CV, на следниот е-маил   tanja.stosikj@dmed-medical.com