Детали за огласот

КООРДИНАТОР ЗА ДИСПЕРЗИРАНИ АКТИВНОСТИ

Детали за огласот

Здружението на граѓани Љубезност има потреба од соработник - Координатор на дисперзирани активности.

Потребно образование: Универзитетска диплома од областа на општествените науки.

Искуство: Најмалку шест месеци искуство во областа на социјална заштита, работа на проекти или административна работа.

Работно време: 20 часа неделно

Начин на ангажман: редовен работен однос

Преку проектот ComHome, добивме можност да ги прошириме нашите активности надвор од Скопје, во соработка со две локални партнерски организации. За таа цел, бараме посветена личност која ќе го мониторира и координира процесот на дисперзија на активностите и пренесување на нашето искуство, знаење и пристап во работа со крајните корисници.

Потребни вештини:

- Комуникациски вештини, преговарање и управување со конфликти - Управување со време и поставуање рокови - Организациски вештини - Добри меѓучовечки односи - Тимски играч

Работни задачи:

- Редовен контакт и менторска поддршка на партнерските организации во работата - Координација и надгледување на обезбедените услуги - Мост на комуникација и соработка помеѓу Љубезност и партнерите