Детали за огласот

  • Би-МЕК ДООСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањенема информација
  • Број на работни места1
  • Контакт телефоннема информација
  • Контакт емаилmedical@bimek.com.mk
  • Веб странаwww.bimek.com.mk
  • Код на огласотTHGHMFJ

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК (ПРЕТСТАВНИК ЗА ПРОДАЖБА)

Детали за огласот

Би-МЕК ДОО, компанија за здравствени технологии, е авторизиран дистрибутер за реномирани производители на медицинска опрема и медицински материјали.

 

Ако имате искуство во здравствениот сектор и Вашите предности вклучуваат одлични организациски  и продажни вештини, вие сте потенцијалот за проширување на брзорастечкиот продажен тим во Би-МЕК. Во потрага сме на мотивирана личност за следнава позиција:

11.       Стручен соработник (претставник за продажба)

Потребни квалификации:

· Завршено медицинско образование: средно медицинско образование, радиолошки техничар, висока медицинска школа или сл.;

·  Работно искуство како медицински претставник или слично искуство со медицинска опрема и/или медицински материјали ќе се смета за предност;

·       Силни продажни и комуникациски вештини;

·       Способност за тимска работа и работа со рокови;

·       Проактивни, креативни, динамични, амбициозни;

·       Подготвеност за работа на терен;  

·       Валидна возачка дозвола;

·    Одлично познавање на англиски јазик (говорна и пишана форма)  

·   Компјутерска писменост (Microsoft Word, MS Excel, MS PowerPoint, MS Outlook) ;

Опис на работни задачи:

·   Работа со клиенти, продажба на медицинска опрема и медицински материјали;

·       Идентификува можности и предлага активности за развој на продажбата;

·       Континуирана посета и остварување контакти со здравствени работници со цел промоција и презентација на медицинските брендови кои компанијата ги застапува

 

Еден од главните приоритети на Би-МЕК е определбата да се има високо квалификуван и високомотивиран тим, пријатна и продуктивна работна атмосфера, континуирана едукација и обука на својот тим, можност за понатамошен личен раст и развој во кариерата. Ние нудиме можност за работите на меѓународни проекти и да бидете дел од меѓународни тимови со можности за обука, конкурентна плата и флексибилно работно време.

Заинтересираните потребно е да достават резиме (CV), понова фотографија, фотокопија од диплома од завршено образование или уверение и препораки(доколку имате)  најдоцна до 20.04.2025 на следната е-маил адреса:  medical@bimek.com.mk    со назнака на позицијата -Стручен соработник (Претставник за продажба)

НАПОМЕНА:

 

САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани и сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост.