Детали за огласот

  • ЈАЗИЧНА АКАДЕМИЈАСкопје
  • Плата По договор
  • Вид на вработувањеПо договор
  • Број на работни места2
  • Контакт телефоннема информација
  • Контакт емаилjazichna.akademija@gmail.com
  • Веб страна
  • Код на огласотTHGHLHG
  • Квалификации

ПРЕВЕДУВАЧ ЗА АНГЛИСКИ ЈАЗИК И ДРУГИ ЈАЗИЦИ М/Ж

Детали за огласот

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – ПРЕВЕДУВАЧ

Здружението „Јазична Академија“ објавува оглас за хонорарна соработка со можност за вработување на позиција Преведувач.

 

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:

Писмен превод со употреба на CAT tools

Уредување на преводи во табеларна форма

Превод на скенирани и PDF документи

Симултан превод – пренесување на говорот во реално време

Консекутивен превод – превод по делови, со паузи од говорникот

Шушотаж – шепотен превод за еден или неколку слушатели

Лекторирање и редакција на преводи

Адаптација на текстови за специфична публика

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

Апсолвенти или дипломирани лица (со или без работно искуство)

Одлично познавање на англиски јазик (или друг релевантен јазик)

Прецизност и внимание кон детали

Познавање на CAT алатки (предност, но не е задолжително)

Одлични комуникациски вештини за усмен превод

Способност за брза адаптација и работа под притисок

ШТО НУДИМЕ:

Хонорарна соработка со можност за вработување

Флексибилно работно време

Работа во динамична и професионална средина

Можност за професионален развој и усовршување

Доколку сте заинтересирани, испратете ја вашата биографија на jazichna.akademija@gmail.com со назнака ,,Апликација за преведувач".

 

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.

 

Очекуваме да станете дел од нашиот тим!