ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ ЗА ВНАТРЕШНО СМЕТКОВОДСТВО
- Сметководство
- Скопје
- ДТУ НАС МБД ДООЕЛ Скопје
- 27-11-2024
Детали за огласот
Друштво за трговија и услуги НАС МБД дооел Скопје, за потребите на своето работење, објавува оглас за 1 (еден) овластен сметководител, за следното работно место:
ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ ЗА ВНАТРЕШНО СМЕТКОВОДСТВО
Потребни квалификации:
· Високо образование-Економски факултет
· Поседување на уверение (лиценца) за овластен сметководител
· Претходно работно искуство на иста позиција од минимум три години
· Одлично познавање на работа со компјутер (MS Office)
· Познавање на англиски јазик
Одговорности и задачи:
· Комплетно водење на сметководственото работење и контрола на истото
· Контрола на книжење на финансиската и материјална документација
· Изготвување на завршни годишни сметки
· Пресметка на ДДВ и данок на добивка
· Пресметка на плати
· Плаќање на налози
· Разновидни сеопфатни сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди и принципи, како и со сите релевантни законски и регулативни прописи
· Подготовка на финансиски извештаи
· Уредно водење на документацијата во согласност со имплементираните стандардите за квалитет во компанијата
· Комуникација со сите релевантни државни институции
Способности и професионални вештини:
· Одлични организациски и комуникациски способности
· Способност за работа при кратки рокови
· Способност за тимска и индивидуална работа
· Систематичен пристап при работењето, ориентација кон детали
· Поседување на висок интегритет и лојалност
· Иницијативност, посветеност и амбициозност
· Почитување и примена на пропишаните процедури и интерни акти на компанијата
· Подготвеност за работа во динамична работна атмосфера.
Работната позиција е за територијата на град Скопје – Кисела Вода.
Доколку ги исполнувате горенаведените услови, Ве молиме испратете го Вашето CV,на следната е-маил адреса: nasmbd@yahoo.com или nasgas.mk@gmail.com, со назнака за работна позиција внатрешен овластен сметководител или обратете се на телефонскиот број 072/222-737. Само кандидатите кои ги исполнуваат наведените услови ќе бидат повикани на интервју. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Останати огласи од ист регион
-
PROGRAM SECTOR SPECIALIST
- Разни области
- Скопје
- Peace Corps North Macedonia
- 24-11-2024
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
САЛАТЕР/КА
- Угостителство
- Скопје
- ИГ- Груп ДООЕЛ
- 18-12-2024
- 0 ПРЕМИУМ
-
ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР
- Градежништво и Архит...
- Скопје
- БИСИ- ДООЕЛ
- 07-12-2024
- 0 ПРЕМИУМ
-
ОПШТИ РАБОТНИЦИ/ОПЕРАТОРИ ВО ПРОИЗВОДСТВО
- Прехранбена
- Скопје
- АД ЕВРОПА СКОПЈЕ
- 03-12-2024
- 1 ПРЕМИУМ