(Неактивен) - ПРОЕКТ МЕНАЏЕР
- Уметност
- Битола
- ATO Bitola
- 16-11-2024
Детали за огласот
Здружение за современа уметност и култура - АТО Битола
ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏЕР
1. Вовед.
Здружение Центар за современа уметнoст и култура - ATO, Битола е граѓанска организација која дејствува и поведува иницијативи во следните дејности:
1. Современа уметност и култура, односно сценските изведувачки уметности како што се театарската уметност, музичката уметност, современиот танц, сценските мултимедијални перформанси; како и ликовната, вајарската, книжевната, архитектонската, филмската уметност и сите останати современи применети уметности.
2. Градење на капацитети на публиката (возрасна, деца и млади), преку организирање на работилици и обуки со интерактивни содржини со цел јакнење на свест за придобивките/ефектите од уметноста и креативната индустрија.
3. Промовирање, информирање и реализирање активности на различни теми во јавниот простор за културата, уметноста и креативните индустрии; јавни настани, изложби, промоции и јавни сценски изведби од областа на сите уметнички гранки.
4. Креирање на јавното мислење и на политиките во областа на културата, уметноста и креативната индустрија.
5. Достапност на современата уметност, култура и применета уметност кон
ранливите групи со цел за инклузија во општеството.
6. Градење однос кон културата на граѓаните од помалите насeлени места и рурални средини преку oдржување на културни настани и промовирање на применета и современа уметност.
7. Организирање на едукативни креативни школи за деца и млади за запознавање со сценска и применета уметност.
8. Манифестации и фестивали кои придонесуваат за афирмација на драмската дејност.
9. Проекти кои поттикнуваат користење на алтернативни локации и простори во рамките на локалните заедници.
Цели и мисија
Основна цел на Здружение Центар за современа уметнoст и култура - ATO, Битола е развој и промовирање на современата уметност, иницијативи во културата и применетата уметност.
2. Оглас за ангажман на позиција: Проектен менаџер - 1 кандидат.
3. Задачи на проектниот менаџер:
- административно, финансиско и техничко менаџирање и администрирање на проектот ( подготовка на проектни извештаи, координација на театарскиот тим и сите индиректни соработници во реализацијата на театарскиот проект како што се театарски институции, центри за култура и слично);
- Организација, логистика и проткол на премиерна изведба на театарска претстава;
- Организација, логистика и протокол и координација на тимот за потребите на театарските гостувања во 6 градови во С. Македонија (во театарски институции, центри за култура и други алтернативни јавни простори во С.Македонија), 1 премиера и 5 репризи во Битола;
5. Работен јазик:
- Официјален работен јазик за проектот во реализација на АТО Битола е македонски јазик и англиски јазик.
4. Локација на работното место
Проектниот менаџер работните задачи ќе ги извршува делумно во просториите на АТО Битола и од домашни услови. Исто така и на локација (Пр: Народен Театар Битола, Центар за култура, Битола, КИЦ
- Битола и слично)
5. Временска рамка
Проектниот менаџер ќе биде ангажиран врз принципот Договор за повремено и привремено извршување на работи и работни задачи (Договор на дело) и ќе добие надомест за вложениот труд и ангажман. Ангажманот е од најмногу 54 работни денови, распоредени во периодот од 01.01.2025 – 31.06.2026.
6. Вештини и способности:
• Одлични технички, менаџерски и надзорни вештини за реализирање на програмските активности.
• Силни вештини за аналитичко и стратешко размислување, како и напредни писмени и комуникациски вештини.
• Проектниот менаџер мора да биде способен да собира и анализира информации и изготвува извештаи и брифери.
• Поседување на силни орални комуникациски вештини и способност за ефективно информирање на македонски и англиски јазик.
* Познавање на Microsoft Office и Англиски јазик.
• Напредни вештини за решавање проблеми и способност да се предлагаат решенија како одговор на сложени ситуации.
• Одлично социјално и професионално расудување покрај силните интерперсонални вештини и меѓукултурна комуникација.
• Тимската работа е клучна бидејќи раководителот на проектот ќе биде составен дел од театарскиот тим на театарскиот проект на АТО Битола
• Исто така, мора да има силна компјутерска и дигитална писменост и способност да патува насекаде во регионот.
6. Услови за учество на Јавниот Оглас:
- Завршено високо образование, (најмалку 240 ЕКТС бодови / 4
годишни студии);
- Претходно искуство со работа на проекти - минимум 1 година.
7. Документација за учество во јавниот оглас: с е д о с т а в у в а с а м о п р е к у е л е к т р о н с к а п о ш т а
ato.center@yahoo.com
заклучно со 26 ноември 2024 година до 23 : 59 ч.
Заинтересираните кандидати треба да поднесат:
1. CV
2. Копија од диплома.
3. Финансиска понуда за еден работен ден во БРУТО износ.
8. Начин на бодување и одлучување
Одлучувањето и изборот по јавниот оглас ќе го изврши комисија на АТО Битола.
Кандидатурите на кандидатите кои не ги исполнуваат условите од огласот НЕМА да бидат разгледувани.
Сите кандидати ќе бидат известени со одлуката на Комисијата и избраниот кандидат со право на жалба на донесената одлука во рок од 8 работни дена од известувањето.
Апликантот кој ќе биде соодветен со најмногу бодови ќе биде избран за позицијата проектен менаџер.
Комисијата ќе го спроведи процесот на селекција на апликантите според следните бодирања:
- Работно исксутво (CV): од 0 до најмногу 20 бода.
- Завршено високо образование (Копија од диплома): од 0 до најмногу
20 бода.
- Финансиска понуда (за еден работен ден во бруто износ): од 0 до 60
бода.
АТО Битола, 12.11.2024 година.
* Повеќе информации за АТО можете да најдите на следниот линк: https://www.facebook.com/ATO.Center
Останати огласи од ист регион
-
ГРАФИЧКИ РАБОТНИК
- Графичка
- Битола
- Принт Солушн
- 22-11-2024
- 0 БЕСПЛАТЕН