(Неактивен) - МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР / ИНЖЕНЕР
- Инженерство
- Скопје
- Озон дооел
- 13-11-2024
Детали за огласот
Огласуваме слободно работно место на позицијата: МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР / ИНЖЕНЕР
Озон има потреба од машински техничар - инженер, кој ќе му се придружи на нашиот инженерски тим во Скопје. Кандидатот ќе биде одговорен за конструирање и изработка на техничка документација и цртежи за производство на машини и производи за климатизација и други производи.
Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира:
- Машински Факултет – Производно инженерство или слично
- 3 години работно искуство во конструирање на делови и склопови ќе се смета за предност
- Одлично познавање и активна работа на програми за CAD/CAM цртање – не е предуслов но ќе се смета за предност”
- Познавање програми за работа на компјутер – “excel, word” и други
- Познавање англиски јазик
- Да поседува вештини за прецизност во работењето, одговорност кон работата, позитивен однос кон околината, грижа кон луѓето и лојалност
За следниве работни задачи
- Работа со “CAD/CAM” софтвер, избор на алати и креирање офсет листи, креирање листи со работни задачи за производство, пратење на производствен тек, извршување работни задачи околу организација на производството
- Работа врз основа на дневни, месечни и годишни планови за производство
- Одговорен и посветен однос кон работата, спремност за завршување на задачите во зададен временски рок, посветеност на детали
- Комплетирање производна документација согласно барани прописи и технички стандарди
- Организација и архивирање документација за тековната работа
- Примена и реализација на современи решенија и технологии во производство
Се добиваат следниве услови за работа
- Редовни месечни примања
- Работа во климатизирани простории (прва смена)
- Организирана исхрана
- Можност за обука и стекнување нови знаења
- Награди за квалитетно извршување на работните задачи
- Исплата на регрес за годишен одмор согласно со условите за стекнување
- Можност за остварување новогодишен или друг надоместок
Бидете дел од успешен тим и испратете ја вашата биографија на адреса: vrabotuvanje@ozon.com.mk или јавете се на телефон +389 02 3091212 / 078 262 821 и закажете го вашиот разговор.
Останати огласи од ист регион
-
СОБАРКА
- Хотелиерство
- Скопје
- Hotel Macedonia Square
- 01-08-2026
- ПРЕМИУМ
-
АДВОКАТ
- Право
- Скопски
- АДВОКАТСКО ДРУШТВО РУЖОЈЧИЌ
- 10-08-2026
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
ОПШТ РАБОТНИК
- Производство
- Скопје
- Друштво за производство трговија и услуг...
- 15-07-2026
- 0 НОВ БЕСПЛАТЕН
-
ДИСТРИБУТЕР
- Прехранбена
- Скопски
- Холис Фудс
- 10-08-2026
- 0 НОВ БЕСПЛАТЕН
-
СТОМАТОЛОШКА СЕСТРА
- Стоматологија
- Скопски
- ПЗУ Денто
- 10-08-2026
- 0 НОВ БЕСПЛАТЕН
-
PGM АДМИНИСТРАТОР
- Сметководство
- Скопски
- Компанија НМ
- 10-08-2026
- 0 БЕСПЛАТЕН


