Детали за огласот

  • Olivera StojanovskaМакедонија
  • Плата 30000-45000
  • Вид на вработувањеОпределено
  • Број на работни места4
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.medikus.com.mk
  • Код на огласотTHGHHML
  • Квалификации

(Неактивен) - МЕДИКУС ВРАБОТУВА СТРУЧЕН СОРАБОТНИК - ФАРМАЦЕВТ

Детали за огласот

ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ - Стручен соработник

 

Ве покануваме да работите за најголемиот светски бренд, ЕСИ – додатоци во исхраната. ЕСИ е златен стандард за хербални производи кај нас и во светот. Во Македонија е присутен од 2003 година и е етаблиран како БРЕНД БРОЈ 1 за додатоци во исхраната. Наши најпродавани производи се ДРИМО, ГИНКГОМАКС, НО ДОЛ, ПРОПОЛГОЛА спреј како дел од една широка, богата и исклучително квалитетна палета на производи.

 

МЕДИКУС дооел Скопје е ексклузивен увозник на италијанската компанија ЕСИ с.р.л. од Италија.

Вработуваме три (3) Стручни соработници (м/ж) – дипломирани фармацевти, со или без искуство.

 

Кандидатите треба да ги имаат следните  квалификации:

v  Универзитетска диплома VII степен (фармација, стоматологија, медицина)

v  Валидна возачка дозвола (Б-категорија) и возачко искуство

v  Познавање на MS office пакетот и интернет пребарувачите

v  Комуникациски и презентациски вештини

v  Познавање и непречена комуникација (писмена/усна) на: Англиски

 

Целта е промовирање на производите на ЕСИ срл од Италија, производител на додатоци во исхраната – хербални производи, корисни за добросотојба на здравјето.

 

Одговорности:

• Спроведување на предвидените маркетинг активности со посета на лекари и фармацевти со цел промоција, презентација и продажба на производите од ЕСИ

• Градење на добри релации со клиентите и презентирање на компанијата ЕСИ и нејзините производи

• Поднесување на писмени извештаи за извршените посети

• Остварување на предвидениот план за продажба

 

Се работи на територија на цела Македонија.

Локацијата на седиштето е во Ѓорче Петров.

 

Компанијата ќе ви овозможи:

-          Привлечна почетна плата и брзо напредување

-          Обука под надзор на ментор

-          Редовна исплата на К-15

-          Службено возило за потребите на работата

-          Спонзорство за полагање на државен испит (по желба на кандидатот, не е обврска)

-          Патување во Италија за најуспешните вработени

-          Бонуси за успешно работење

 

За аплицирање на конкурсот потребно е да испратите:

·         резиме (кратка биографија) со фотографија,

·         мотивациско писмо,

·         уверение за завршено соодветно образование, како и

·         копија од возачка дозвола

на medikus@medikus.com.mk

најдоцна до 06.10.2024 година.