(Неактивен) - АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ / ПОМОШНИК СМЕТКОВОДИТЕЛ
- Администрација
- Скопје
- ЕЛЕКТРА ГРУП ДООЕЛ Скопје
- 13-03-2024
Детали за огласот
Бараме Административен асистент / Помошник сметководител кој ќе биде задолжен за поддршка на нашите дневни административни и сметководствени операции.
Задачи:
Внесување на сметководствени и материјални податоци во софтверски систем; Подготвување на фактури, сметки и друга релевантна документација; Подготвување и водење на градежни книги и дневници; Подготовка на разни извештаи; Секојдневно следење и поврзување на банкарски трансакции и изводи; Водење и организирање на патни и работни налози; Усогласување на меѓукомпаниски салда (плаќања-побарувања); Дневни трансфери/плаќања и банкарско усогласување; Редовна комуникација со одговорни лица, информирање за салда и други релевантни информации; Вршење на процедури за затворање на месецот и крајот на годината, проверка на комплетноста и точноста на сметките; Организација на канцелариските обврски; Архивирање на предмети; Подготовка и ажурирање на потребна документација и договори, врз основа на претходни драфт темплејти; Помош при подготовка на документи за јавни набавки; Комуникација и организација со клиенти, прием на повици, е-маил пораки; Навремено вршење на административни активности во согласност со канцелариските и компаниските правила и процедури; Останати работни активности од делокругот на работното место и поддршка на активностите на фирмата.
Барања:
Најмалку 2 години прогресивно искуство во администрација и/или сметководство; Не е задолжителна диплома од факултет, но за предност ќе се смета Високо стручно образование - Економски факултет Најмалку средно ниво на владеење во MS Word и MS Excel е задолжително (напредното би било предност); Писмени и усни комуникациски вештини на македонски јазик, додека напредно познавање на англискиот јазик се смета за предност; Аналитички вештини за решавање проблеми; Критичко размислување и активно учење; Силни организациски и интерперсонални вештини, со развиено чувство за одговорност; Способност за самостојно работење, одредување приоритети и самоиницијативност;
Бенефиции:
Воведување во работата со обука од ментори (искусен сметководител и проект менаџери); Одлични можности за раст и напредок; Навремени и сигурни примања со можност за дополнителен бонус во зависност од успешноста во извршувањето на работните задачи; Позитивна меѓународна работна средина; Флексибилно работно време помеѓу 07:30 до 17:30 часот, 8 часа во склоп со потребите и активностите; Можност за работа од дома по потреба; Бонус за препорачан пријател за работа; Процент од донесен проект; Платени обуки кои опфаќаат стручна подготовка и напредок, обука за софтвер и многу повеќе; Опсегот на платата зависи од нивото на вештини и искуство; Пријатна работна атмосфера; Слободен ден за роденден.
Доколку сте во потрага по нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на Email адресата: info@elektragroup.mk
Останати огласи од ист регион
-
ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР
- Градежништво и Архит...
- Скопје
- БИСИ- ДООЕЛ
- 07-12-2024
- 0 ПРЕМИУМ
-
MEDICINSKA SESTRA (МЕДИЦИНСКА СЕСТРА), FIZIOTERAPEVT (ФИЗИОТЕРАПЕВТ)
- Медицина и здравство
- Скопје
- ПЗУ МАКМЕДИКУС-В
- 27-11-2024
- 0 НОВ БЕСПЛАТЕН
-
ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ ЗА ВНАТРЕШНО СМЕТКОВОДСТВО
- Сметководство
- Скопје
- ДТУ НАС МБД ДООЕЛ Скопје
- 27-11-2024
- 0 ПРЕМИУМ
-
ОПШТИ РАБОТНИЦИ/ОПЕРАТОРИ ВО ПРОИЗВОДСТВО
- Прехранбена
- Скопје
- АД ЕВРОПА СКОПЈЕ
- 03-12-2024
- 1 ПРЕМИУМ
-
PROGRAM SECTOR SPECIALIST
- Разни области
- Скопје
- Peace Corps North Macedonia
- 24-11-2024
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
САЛАТЕР/КА
- Угостителство
- Скопје
- ИГ- Груп ДООЕЛ
- 18-12-2024
- 0 ПРЕМИУМ