Детали за огласот

  • БИСИ- ДООЕЛСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни местанема информација
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб страна
  • Код на огласотTHGGMMF

(Неактивен) - ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР

Детали за огласот

Визијата на БИСИ е да создадеме препознатлив бренд во градежништвото, кој на пазарот ќе се истакнува по својата уникатна архитектура и понуда на ПРЕМИУМ станбени и деловни објекти.Мисијата на БИСИ е да им понудиме на клиентите високо квалитетен производ, кој вклучува изградба на станови и деловен простор по највисоки стандарди, со најсофистицирани материјали, на ексклузивни и атрактивни локации.

 

За нашата канцеларија во Скопје, објавуваме работна позиција за: 

 

ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР - Надзор при изведба на објекти од високоградба со соодветно работно искуство

 

ГЛАВНИ ОДГОВОРНОСТИ:

-  Раководење со објект, обезбедување и координирање на проекти и усогласување, контрола и синхронизација на сите фази на изведба.

- Во текот на извршувањето на договорените работи да контактира со инвеститорот, надзорните органи, подизведувачите и државни органи и презема соодветни активности во зависност од природата на укажаните потреби.

- Надгледување на развојот на проектот и да им даде насоки кога е потребно.

- Оценка на напредокот и подготвување на детални извештаи за Управителот и Инвеститорот.

- Обезбедување на придржување кон сите здравствени и безбедносни стандарди.

- Познавање на оперативни практики на градење и следење на стандардите и нивните промени.

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

-  ВСС – Градежен факултет – Градежен инженер со овластување А за изведба или Б за изведба.

- Искуство во изведба на проекти од високоградба.

- Одлично познавање на AutoCad и апликациите од MS Office пакетот.

 

Доколку ги исполнувате потребните квалификации Ве молиме испратете го Вашето CV на мејл:   cvrabotuvanje@gmail.com