(Неактивен) - АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ
- Администрација
- Штип
- Групација Венерас
- 01-03-2024
Детали за огласот
Дали си подготвен за твојот нов предизвик? Дали сакаш интересна и динамична работа?Венерас е вистинското место за тебе!
Венерас е компанија која во последните дванаесет години расте и се развива, постојано ги збогатува сферите на услуги како што го обогатува своето искуство според европски стандарди.Ние сме тука да ти понудиме одлична работна атмосфера, можност за унапредување, сигурни примања, во топли и пријатни услови за работа, динамика во контакти со клиенти, соработници и деловни партнери!Доколку сакаш предизвик, лесно се прилагодуваш, имаш позитивен и професионален пристап кон работата и ги поседуваш потребните квалификации, те повикуваме да се приклучиш кон нашиот Тим.
Потребни квалификации:
· Претходно искуство со канцелариско работење;
· Завршено високо образование;
· Силни вербални и писмени комуникациски вештини;
· Позитивен пристап кон клиентите, колегите и решавање на работните предизвици;
· Способност за ефикасно работење во динамична средина со комерцијална ориентација и работа под притисок;
· Способност за правилно, оптимално планирање и извршување на работните задачи, како и на ненадејно зададени задачи со приоритет;
· Способност за јасна и ефективна комуникација со личности од различни хиерархиски нивоа и националности, силни продажни вештини;
· Активно работење со MS Office системот;
· Активно познавање на англиски јазик
Главни задачи на административен асистент:
· Подготовка на договори и архивирање;
· Прецизно и точно управување со информации, податоци и документи;
· Прием на повици (комуникации со странки, закажување на состаноци);
· Пронаоѓање на потенцијални клиенти;
· Одржување на добра комуникација и следење на постоечките клиенти;
· Вложување максимален труд да се зголеми продажбата во компанијата, како и да ги достигне, а доколку е возможно да ги надмине поставените цели;
· Преземење на задолженија и задачи што спаѓаат во рамки на неговата/нејзината работна позиција, или се доделени од страна на управителите на Друштвото.
Што добивате:
· Можност да работите во компанија каде ќе имате чувство на припадност;
· Пријатна работна атмосфера;
· Услови за работа по европски стандарди;
· Можност за брзо напредување во компанијата.
Доколку сте проактивни, креативни, имате добро професионално искуство и сакате да бидете дел од Групација Венерас, Ве мотивираме да се пријавете на следнава емаил адреса:
support@venerasgroup.mk