Детали за огласот

  • Друштво за производство, трговија и услуги КЕНТАУР-ИМПЕКС ДООЕЛ експорт-импорт СкопјеКуманово
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеОпределено
  • Број на работни места1
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.kentaur.com.mk
  • Код на огласотTHGGLJH

(Неактивен) - ПРАВНИК

Детали за огласот

Основана во 2001 година до ден денес Друштвото за производство, трговија и услуги КЕНТАУР-ИМПЕКС ДООЕЛ експорт-импорт Скопје е приватна компанија со 100 % домашен капитал. Во досегашното работење компанијата бележи се поголем раст од година во година. Круна на две децениското работење е купувањето на производните погони на фабриката ИСКРА од Куманово и нивно успешно рестартирање.

КЕНТАУР ИМПЕКС е модерна и иновативна компанија, која во главно се занимава со увоз и продажба на метални лимови и профили, како и производство на челични конструкции за секаква намена.

 

Оглас за вработување за работно место

ПРАВНИК

 

Работно место е во Куманово, во Подружница ИСКРА Куманово, ул.Железничка бр.8А, Куманово.

 

Потребни квалификации:

Високо образование (Правен факултет); Работно искуство од најмалку 1 година; Познавање на MS Office пакет; Познавање на Англиски јазик;

 

Работни обврски:

·         Подготовка на целокупна документација за конкретни постапки и застапување на друштвото пред надлежни институции, органи и правни лица;

·         Следење и имплементација на промени во законската регулатива и усогласување со општите акти на друштвото;

·         Спроведување на постапки за вработување, пријави и одјави пред надлежни органи, селекција и регрутација на вработени, водење целокупна евиденција за вработени, евидентирање во посебен софтвер -ПАНТЕОН, подготовка на сите документи што произлегуваат од работен однос:

·         Подготовка на извештаи и анализи, следење на организациони промени и креирање на периодични и годишни извештаи;

·         Составување и поднесувње предлози, приговори, барања и други правни акти за потребите на компанијата пред нотар, извршителите и други надлежни органи;

 

Способности на кандидатот:

·           Способност за планирање и организирање на работни задачи поврзани со рок;

·           Организациски способности, одговорност, иницијативност, исполнителност, лојалност, комуникативност;

·           Способност за индивидуална работа и работа во тим;

 

Сите заинтересирани кандидати можат својата Професионална биографија (CV) да ja достават на мејл адресата:  kentaur_impex@yahoo.com, со назнака: За работно место: За правник.