
(Неактивен) - ПРОДАВАЧКА
Детали за огласот
ДПУ АНДРЕЈ КОМПАНИ ДООЕЛ Штип
распишува конкурс зголемување на тимот на вработени за работното место:
Продажен персонал -продавачка
Место на работа: Скопје- (ТЦ. „ГАРДЕН ИН )
Локација: Влае , Скопје
Работно време: 40 часа неделно со тоа што работата се одвива во две смени и тоа: прва смена од 9.00-16.00 часот и втора смена од 14.00-21.00 часот од понеделник до петок (7 часа) и сабота прва смена од 9.00 -14.00 часот и втора смена од 14.00-19.00 часот (5 часа).
Опис на работата:
Примање и изложување на робата по правила на компанијата Следење на асортиманот и залихата Услужување на купувачи во склад со стандардите на компанијата Работа на каса Административни активности поврзани со процесот на продажба Извршување на работни задачи поврзани со секојдневното функционирање на продажното место
Ви нудиме:
Редовни месечни примања и награди за најуспешните Бенефиции и редовни попусти за вработените Тимска работа и пријатна работна атмосфера во која постои тековна обука за едукација од колегите со долгогодишно искуство Кариерно напредување
Услови:
Минимум ССС степен стручна подготовка Претходно работно искуство не се бара но би се земало во предвид доколку кандидатот има искуство на работната позиција која е огласена Познавање на работа со MS Office (MS Word, MS Excel)
Лични карактеристики на кандидатот:
Отвореност за работа во позитивна работна атмосфера Поседување на високо ниво на толеранција Ентузијаст со позитивен став кон работата Лојалност кон организацијата Поседување на дисциплина и морални принципи во работењето Поединец ориентиран кон остварување на резултати.
Кандидатот треба да ги поседуваат следниве вештини во врска со дејноста:
Развиени вештини за комуникација, особено вербална комуникација Развиени презентациски вештини Тимски играч кој гради соработка и негува тимска работа Способност за учење, развивање и адаптирање на нови средини Справување со специфични околности или проблем ситуации
Потребни документи за аплицирање по оглас:
CV - Кратка биографија со слика на кандидатот
Ве покануваме, доколку имате интерес за работната позиција и сакате да бидете дел од тимот на АНДРЕЈ КОМПАНИ да пратите CV на следнава маил адреса: andrej.kompani@gmail.com и gstevkovska@gmail.com
Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат како невалидни!
Напомена:
Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.
Останати огласи од ист регион
-
ШАНКЕР/КА
- Угостителство
- Скопје
- Beer Garden DOO
- 21-04-2025
- 1 ПРЕМИУМ
-
ГОТВАЧ, ПОМОШНИК ГОТВАЧ, САЛТЕР
- Угостителство
- Skopje
- МарКир
- 22-04-2025
- 1 БЕСПЛАТЕН
-
ПОМОШНИК ГОТВАЧ/КА
- Угостителство
- Скопје
- ИГ- Груп ДООЕЛ
- 08-05-2025
- 0 ПРЕМИУМ
-
КЕЛНЕР/ KELNERKA
- Угостителство
- Skopje
- Beer Garden DOO
- 21-04-2025
- 1 ПРЕМИУМ
-
ПРОДАВАЧ
- Нафтена
- Скопје
- ТОПТРАДЕ ДОО
- 30-04-2025
- 0 ПРЕМИУМ
-
STOMATOLOSKA SESTRA / СТОМАТОЛОШКА СЕСТРА
- Медицина и здравство
- Скопје
- ПЗУ Протект Дент
- 02-05-2025
- 0 ПРЕМИУМ