
(Неактивен) - ХИГИЕНИЧАР НА ПРОИЗВОДСТВЕНИ - РАБОТНИ ПРОСТОРИИ
- Хигиена и одржување
- Скопје
- Blagica Milanova
- 23-10-2023
Детали за огласот
Локација: Индустриска Зона - Илинден, Скопје
Работните задачи се извршуваат во индустриски услови, т.е. производствени капацитети, магацини, лабораторија, административни канцеларии, кантина, чајна кујна, соблекувални, тоалети.
Работен распоред: 6 последователни дена во неделата, 8 часовен работен ден со 30 минути вклучена пауза, во три смени од понеделник до недела, по што следат 2 слободни дена за одмор во роатција 365/7/24.
Главни одговорности задачи
Воден од лидерот на сменскиот тим хигиеничарите се одговорни за:
· обезбедување професионални хигиенски услуги во согласност со стандардите на компанијата;
· одржување на чиста и безбедна средина за непречено работење на објектот согласно најдобрите практики и со примена на највисоки стандарди за Безбедност и здравје при работа
· претставување на компанијата како давател на услуги со највисоки стандарди за етичко и професионално однесување
· следење на постапките за употреба на индустриски, хемиски производи за чистење и електрична опрема за чистење, со цел да се спречи какво било оштетување на подовите, инсталациите и лични повреди
· одршување на хигиената и грижа за машните, алатите преку нивно прецизно складирање и грижа за целата опрема и производи за чистење во назначените складишни места.
Главни задачи
· Чистење на подовите во зградата со метење, џогирање, чистење со правосмукалка и со машини за чистење;
· Чистење на канцеларискиот мебел и опрема;
· Сервисирање, чистење и обезбедување на потребните материјали во тоалетите;
· Сервисирање, чистење и обезбедување на потребните материјали во кантините и кујните;
· Дезинфекција на сите површини кои се одредени да се дезинфицираат;
· Собирање на отпад и празнење на корпи за отпадоци;
· Чистење на внатрешни прозорци.
Услови
· Средно образование сите профили или основно образование со најмалку 5 годишно работно искуство;
· Подготвеност за работа во 3 смени, надвор од населено место;
· Основно познавање на општите хигиенски практики;
· Општо познавање на производи за чистење и нивна примена;
· Познавање на личната заштитна опрема и спремност за нејзино користење при работа со хемикалии и машини;
· Способност за безбедно ракување со машини и алатки за чистење, безбедно и адекватно користење на хемикалии со цел лична заштита и заштита на вработените;
· Работата бара физичка сила и добро развиени моторички вештини;
· Општо искуство со чистење;
· Искуство со чистењето во индустриски т.е. производствен објект ќе се смета како предност.
Работодавачот нуди конкурентен пакет плата и додатоци на плата по разни основи.
Од страна на работодавачот е обезбедена обука за ракување со машини за чистење, соодветна употреба на хемикалиите со кои се чисти, како и обука за безбедност и здравје при работа.
Обезбеден е превоз, храна и униформа и заштитна опрема за работа.
Останати огласи од ист регион
-
АДМИНИСТРАТОР НА СЕРВИСНИ ПОРАЧКИ
- Услуги
- Скопје
- K&K SERVIS DOOEL Skopje
- 10-07-2025
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
ДОКТОР НА МЕДИЦИНА
- Медицина и здравство
- Скопје
- PZU Sante Plus Group
- 15-07-2025
- 1 БЕСПЛАТЕН
-
АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА
- Продажба и трговија
- Скопје
- АМАРО
- 12-07-2025
- 0 НОВ БЕСПЛАТЕН
-
МАГАЦИНСКИ РАБОТНИК
- Продажба и трговија
- Скопје
- Друштво за производство и трговија КОМП...
- 08-07-2025
- 1 БЕСПЛАТЕН
-
ТРАНСПОРТЕН РАБОТНИК ВО МАГАЦИН
- Прехранбена
- Скопје
- АД ЕВРОПА СКОПЈЕ
- 15-07-2025
- 0 ПРЕМИУМ
-
ШЕФ НА КУЈНА
- Угостителство
- Скопје
- Градски Кеј ДООЕЛ - Скопје
- 16-07-2025
- 0 БЕСПЛАТЕН