(Неактивен) - ЕКСПЕРТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
- Маркетинг
- Скопје
- Самеримпекс Импулси
- 27-06-2023
Детали за огласот
ПУБЛИЦИС Груп, водечка интернационална агенција за маркетинг комуникации, го проширува својот тим со Експерт за човечки ресурси.
Кандидатот што го бараме:
ü Има високо образование (предност се областите: менаџмент со човечки ресурси, психологија, економија, бизнис)
ü Има работно искуство на слична позиција или на друга позиција поврзана со човечки ресурси, најмалку 5 години
ü Одлично користи пишан и говорен англиски јазик
ü Има одлично познавање на МS Office (работа со програми/ софтвер за човечки ресурси ќе се смета за предност)
ü Е високо самомотивирана личност за развој, воспоставување и имплементација на нови системи (во рамките на системот за менаџирање со човечки ресурси)
ü Има упорност и способност за градење личен авторитет и интегритет
ü Има способност за препознавање и медијација при конфликти во компанијата
ü Има способност за воспоставување доверба со сите нивоа во компанијата
ü Користи флексибилност во пристап и мотивација на различни вработени
ü Вложува во континуиран личен развој и усовршување
Нашиот Експерт за човечки ресурси
ü Ги планира и организира работите поврзани со функцијата Управување со човечки ресурси (ЧР)
ü Ги анализира и контролира сите процеси за ЧР
ü Работи на развој и спроведување на политиките за човечки ресурси и системот за управување со учинок
ü Утврдува потреба од вработени, врши регрутација и селекција
ü Обезбедува услови и програми за личен развој и мотивација и на вработени
ü Се грижи за разбирање и почитување на законската регулатива од страна на вработените, вклучително БЗР и ППЗ
Придобивки:
ü Работа во интернационална компанија со препознатлива корпоративна култура
ü Одлична работна атмосфера и меѓучовечки односи
ü Можност за работа со ментори, за учење, напредување и сопствена реализација.
Заинтересираните кандидати/ки треба да ги достават своите биографии најдоцна до 22.07.2023 год. на natasa.ivanovska@insight.mk со наслов: HR Publicis
Останати огласи од ист регион
-
ФИНАНСИСКИ АНАЛИТИЧАР
- Информатичка техноло...
- Скопски
- Таск-ХРС
- 07-08-2026
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
SOFTWARE DEVELOPER
- Електроника и Телеко...
- Скопски
- Сајтек
- 11-08-2026
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
СМЕТКОВОДИТЕЛ
- Трговија
- Скопски
- МЕГА ВЕНТ ДООЕЛ
- 11-08-2026
- 0 НОВ БЕСПЛАТЕН
-
SALES MANAGER
- Трговија
- Скопски
- Интерстаб инженеринг
- 11-08-2026
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
ОПШТ РАБОТНИК
- Производство
- Скопје
- Друштво за производство трговија и услуг...
- 15-07-2026
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
ТАПЕТАР
- Производство
- Скопски
- ЕЛИТТЕ СОФА
- 05-08-2026
- 0 БЕСПЛАТЕН


