(Неактивен) - РЕФЕРЕНТ ЗА ИСПОРАКА И МОНТАЖА
- Продажба и трговија
- Куманово
- Фортис ДОО Куманово
- 27-05-2023
Детали за огласот
Fortis® е компанија која се занимава со производство, дистрибуција, проектирање и продажба на професионална опрема за ресторани, пекари и HoReCa секторот како и комплетни решенија за истата индустрија.
Поради проширување на својот тим, имаме потреба од:
Референт за испорака и монтажа (2)
Потребни квалификации
· ССС
· Не е потребно работно искуство, доколку поседува ќе се смета како предност
· Основно познавање од англиски јазик
· Возачка дозвола – мин. Б категорија
Профил на личност
· Фокусираност кон работните обврски
· Организираност и одговорност
· Одлични комуникациски вештини
· Прецизност и точност
· Способност за индивидуална и тимска работа
· Работење независно, со помал степен на директен надзор
· Лојалност, доверливост, самоиницијативност, темелност, енергичност
· Способност за работа под временски притисок
· Способност за утврдување на причини за дефекти и предлагање на соодветни решенија
Работни задачи и одговорности
· Манипулација, проверка, припрема, означување и пакување на опрема при прием или пред испорака во согласност со процедури и правилници пропишани од компанијата.
· Ефикасна испорака, истовар и квалитетна монтажа на опрема на локација на клиент во согласност со правила и процедури.
· Спроведување на темелна и квалитетна обука на клиенти/персонал овластен од клиенти за адекватно користење и чистење на опремата во интерес на намалување на дефекти предизвикани од неправилно ракување.
· Константно надоградување на техничко и функционално знаење за опремата преку едукација и читање на упатства за користење и работа.
· Квалитетно и експедитивно оддржување, дијагностика и проправка на дефекти на опрема во согласност со процедури и стандарди пропишани од компанијата со цел подигнување на ниво на квалитет на услуга.
· Следење, прецизно водење и пооплнување на Сервисен Налог и друга документација при вршење сервис на опрема во согласност со закон, правила и процедури.
· Комуникација и координација со Менаџер за логистика и сервис во врска со наплата на сервисна услуга и резервни делови или технички прашања во врска со опремата.
· Одржување на чисти и уредени работни простории и возила за обезбедување функционална и безбедна работна средина.
· Други работни задачи според налог на претпоставен менаџер.
Работни услови и бенефиции
· Одлична работна атмосфера
· Можност за напредување
· Динамични работни услови во брзорастечка компанија
· Солидна плата плус бонуси
· Неограничени можности за лично и професионално надоградување преку континуирани обуки, семинари и team-building
Доколку имате желба да се приклучите кон нашиот тим и сметате дека ќе бидете вистински кандидат за оваа работна позиција, испратете CV на boban@fortis.mk со наслов „Референт за испорака и монтажа“.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.
Останати огласи од ист регион
-
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА НА ОРТОПЕДСКИ ПОМАГАЛА
- Продажба и трговија
- Куманово
- МЕДИКАПРО ДООЕЛ Скопје
- 30-11-2024
- 1 НОВ БЕСПЛАТЕН