(Неактивен) - ОПЕРАТОР НА ЦНЦ МАШИНА
- Производство
- Битола
- МОНТИНГ ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Битола
- 04-04-2023
Детали за огласот
МОНТИНГ ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Битола објавува оглас за:
ОПЕРАТОРИ НА ЦНЦ МАШИНА
Потребни квалификации и компетенции:
- Способност за работа во производна хала
- Способност за ракување со автоматизирани ЦНЦ машини
- Познавање на работилнички и технички цртежи
- Мотивираност и посветеност за исполнување на зададените цели и постигнување на бараниот квалитет на производот
Како предност ќе се смета:
- Работно искуство во дејноста
Работни задачи и одговорности:
- Подготовка на работата во производната хала
- Ракување со автоматизирани ЦНЦ машини
- Составување и монтирање на метални склопови
- Изработка на метални конструкции по нацрт
- Грижа за техничките карактеристики на производите
- Други помошни работи во производната хала
Што нудиме?
- Вработување на полно работно време
- Основна нето плата 30.000 денари
- Додаток на плата за минат труд
- Месечен бонус за редовност во износ од 3.000 денари
- Годишен бонус за лојалност во износ од една нето плата, за вработените кои на крајот на годината ќе имаат непрекинат работен однос во компанијата подолго од шест месеци
- Бонуси, додатоци и надоместоци на плата во случаи на прекувремена работа, работа на терен, работна успешност
- Обезбеден топол оброк
- Пријатна и динамична работна атмосфера
- Континуирана обука и можност за напредок
- Работа со професионален тим со големо искуство во дејноста
Начин на аплицирање:
- Испратете CV на следниот e-mail: bojan.naumovski@monting.mk или јавете се на еден од следните телефони: 047 241 020 и 075 827 539.
За компанијата дознајте повеќе на: www.monting.mk
Останати огласи од ист регион
-
DISPATCH OPERATIONS SPECIALIST
- Шпедиција и транспор...
- Битола
- Sermac International
- 27-11-2024
- 1 БЕСПЛАТЕН