(Неактивен) - ОПЕРАТОР НА CNC МАШИНА
- Производство
- Скопје
- Озон дооел
- 26-10-2023
Детали за огласот
Озон е фабрика за производство на опрема за климатизација, вентилација, филтрација и други производи.
За потребите во производство огласуваме слободно работно место на позицијата:
Оператор на CNC машина (за виткање и сечење) со работно искуство (понеделник до петок прва смена – Скопје)
Оператор кој ќе се обучува да стане оператор на ЦНЦ преса или апкант - автоматизирани и делумно автоматизирани машини за обработка на метали. Со обуката ќе се стекне со знаење за работа во софтвери за припрема на материјалите за обработка.
Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира:
- Кандидатот е пожелно да има претходно искуство со ЦНЦ машина
- Завршено средно образование
- Работно искуство од 1 години на машина ќе се смета за предност
За следниве работни задачи:
- ракување со механички, полуавтоматски и автоматизирани машини за виткање и сечење на лим, профили или цевки и надгледување на нивната работа;
- работа со CAD/CAM програми, нивно префрлување од персонален компјутер на машина и обратно;
- работа со алати за машините, нивно одржување, промена и подесување;
- запазување на стандардите од спецификациите за работа и преземање на безбедносни мерки при работата;
- основно тековно одржување, чистење и водење детална евиденција;
- вршење на сродни задачи на други машини и рачни алати;
Се добиваат следниве услови за работа
- Месечни примања во договор со работодавачот
- Работа во прва смена
- Организирана исхрана
- Исплата на регрес за годишен одмор
- Награди за квалитетно извршување на работните задачи
- Можност за обука и стекнување нови знаења
- Oсигурување 24h од незгода
- Работа во климатизиран објект, ладење, греење и филтриран воздух
- Природно осветлување и пријатна работна средина
Бидете дел од успешен тим и испратете ја вашата биографија на: vrabotuvanje@ozon.com.mk или јавете се на телефон: 02 3091212 / 078 262 821 и закажете го вашиот разговор.
Останати огласи од ист регион
-
ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ И ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР
- Фармација
- Скопје
- ПЗУ АПТЕКА ЛАЈФ ЛАЈН СКОПЈЕ
- 07-04-2026
- 1 БЕСПЛАТЕН
-
ГОТВАЧ/КА
- Угостителство
- Скопје
- Друштво за угостителство трговија и услу...
- 21-04-2026
- 0 НОВ ПРЕМИУМ
-
КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА ТЕРЕН
- Трговија
- Скопски
- Рик експорт импорт
- 05-05-2026
- 1 БЕСПЛАТЕН
-
КЕЛНЕР/ШАНКЕР
- Угостителство
- Скопски
- Маркал Импасто Дооел
- 07-05-2026
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
МАЈСТОР
- Прехранбена
- Скопски
- АНЕТА КОМПАНИ
- 06-05-2026
- 0 НОВ БЕСПЛАТЕН
-
ОПЕРАТОР
- Прехранбена
- Скопски
- Гранд-Експорт Подружница бр.3 ГФЦ
- 05-05-2026
- 1 БЕСПЛАТЕН


