Детали за огласот

  • Друштво за производство, трговија и услуги КЕНТАУР-ИМПЕКС ДООЕЛ експорт-импорт СкопјеКуманово
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањенема информација
  • Број на работни места1
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.kentaur.com.mk
  • Код на огласотTHFNJJF

(Неактивен) - МАТЕРИЈАЛЕН КНИГОВОДИТЕЛ

Детали за огласот

 

Основана во 2001 година до ден денес Друштвото за производство, трговија и услуги КЕНТАУР-ИМПЕКС ДООЕЛ експорт-импорт Скопје е приватна компанија со 100 % домашен капитал. Во досегашното работење компанијата бележи се поголем раст од година во година. Круна на две децениското работење е купувањето на производните погони на фабриката ИСКРА од Куманово и нивно успешно рестартирање.

КЕНТАУР ИМПЕКС е модерна и иновативна компанија, која во главно се занимава со увоз и продажба на метални лимови и профили, како и производство на челични конструкции за секаква намена.

Оглас за вработување за работно место

МАТЕРИЈАЛЕН КНИГОВОДИТЕЛ

 

Работно место е во Куманово, во Подружница ИСКРА Куманово, ул.Железничка бр.8А, Куманово.

 

Потребни квалификации:

Високо образование (Економски факултет); Работно искуство како сметководител, најмалку 3 години; Познавање на сметководствен софтвер – ПАНТЕОН; Познавање на MS Office пакет; Познавање на Англиски јазик;

 

Работни обврски:

·       Евиденција и организирање на одделни типови документи;

·       Евиденција на производствен процес во ПАНТЕОН;

·       Евиденција и обработка на влезна и излезна сметководствена документација;

·       Контролирање на состојба на материјали во магацини;

·       Изработка на извештаи за состојбата на материјалите во магацините и производството во тек;

Постојано следење и имплементирање на актуелните промени во однос на законски регулативи во областа на финансиите и сметководството;

 

Способности на кандидатот:

·        Способност за планирање и организирање на работни задачи поврзани со рок;

·        Организациски способности, одговорност, иницијативност, исполнителност, лојалност, комуникативност;

·        Способност за индивидуална работа и работа во тим;

 

 

Сите заинтересирани кандидати можат својата Професионална биографија (CV) да ja достават на мејл адресата:  kentaur_impex@yahoo.com, со назнака: За работно место: Материјален книговодител.