Детали за огласот

  • Друштво за технички прегледи и испитувања МАКЕДОНСКИ ИНСТИТУТ ЗА КВАЛИТЕТ ДООЕЛ СкопјеСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањенема информација
  • Број на работни места1
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.miq.com.mk
  • Код на огласотTHFMOOH

(Неактивен) - ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР

Детали за огласот

Оглас за вработување во МАКЕДОНСКИ ИНСТИТУТ ЗА КВАЛИТЕТ Скопје

 1.      Дипломиран електро инженер-насока енергетика

Дипломиран инженер по електротехника - насока енергетика со најмалку три години континуирано работно искуство на работи поврзани со изведба, испитување или управување со електроенергетски постројки,трансформаторски станици, моторни погони, ниско напонски инсталации, постројки за електроенергетски мерења и испитувања и сл., за работната позиција – Контролор.

 Избраниот кандидат ќе учествува во вршење на технички прегледи и периодични испитувања на електроенергетска опрема, електрични производи и уреди,ниско напонски елетрични инсталации, како и испитување на безбедност на опрема и инсталации во потенцијално експлозивна атмосвера.

Работата се извршува од 08:00 до 16:00 часот.

Конкурентски предности за  работната позиција:

Тимска работа и кооперативност

Динамичност, ефективност и ефикасност

Флексибилност и адаптибилност

Посветеност, мотивираност, иницијативност

Решавање на проблеми

Познавање на Microsoft Officе, CAD софтвер и познавање на останати апликации.

Познававање на Англиски јазик.

 

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:

1.    Мотивационо писмо

2.    Кратка Биографија (CV) со сертификати од обуки од областа (доколку има)

3.    Доказ за завршено образование

4.    Извод од ПИОМ, како доказ за потребното искуство

5.    Уверение за државјанство

 

Огласот трае 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето.

Кандидатите  треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

 

Вработувањето е со полно работно време (40 часа неделно), на неопределено време.

 

Аплицирањето се врши со испраќање на потребните документи на следната е-маил адреса:  miq@miq.com.mk ,

со назнака “ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – Позиција за која се конкурира “

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.

Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

 

Краен рок за пријавување:15.02.2023