Детали за огласот

  • Акционерско друштво ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ СкопјеСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеОпределено
  • Број на работни места1
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.euroins.com.mk
  • Код на огласотTHFKOJM

(Неактивен) - МЕНАЏЕР ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ВО ОСИГУРУВАЊЕ

Детали за огласот

ОПИС НА РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

      Развој и следење на каналот на продажба на осигурување преку јавните набавки во осигурување;

      Изготвување комплетната документација за учество на јавни набавки во осигурување;

      Секојдневен увид во објавените огласи во Електронскиот систем за јавни набавки на Бирото за јавни набавки и мониторинг на отпочнатите постапки, како и целосна комуникација со надлежните институции-органи (Национално биро за осигурување, Бирото за јавни набавки, договорни органи и др.);

      Oдговорности по однос на документацијата неопходна за учество на јавните набавки, обезбедување и следење на роковите;

      Водење и ажурирање на база на податоци од јавни набавки во осигурување;

      Организирање на работата на референтите за продажба на осигурување за навремено и точно опслужување на клиентите кои имаат склучено договори за осигурување со Друштвото во постапки по јавни набавки, изготвување на полиси за осигурување и фактури кон полисите и останати документи;

      Учество во процесот по жалби по одлуки за јавни набавки.

 

НУДИМЕ:

      Вработување на определено работно време, со можност за продолжување на договорот за вработување;

      Полно работно време од 40 часа, од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот.

      Работа  во динамично опкружување,  развојна и пријатна средина.

      Работно место во седиштето на Друштвото во Скопје.

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, ИСКУСТВО И ОБРАЗОВАНИЕ:

      Завршено високо образование – Општа, економска или техничка насока;

      Работно искуство во процеси на јавни набавки/постапки по тендери;

      Општо работно искуство од 5 години;

      Работно искуство во делокругот на осигурување од 3 години;

      Работно искуство во делокругот на јавни набавки во осигурување ќе се смета за особена предност;

      Одлични вештини за работа со компјутер, особено word, excel и соодветни web апликации;

      Добро владеење на англиски јазик на работно ниво;

      Високи комуникациски способности и тимски дух;

      Аналитичен пристап кон решавање на доделените задачи;

      Организираност и одговорност.

 

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија на македонски јазик на следната e-mail адреса: hr@euroins.com.mk со назнака дека аплицирате за конкретното работно место, не подоцна од 26.08.2022 година.

Вашите документи за аплицирање треба јасно да покажат зошто токму Вие одговарате за позицијата за која аплицирате.

Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и пропратните документи да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на личните податоци.

 

Само кандидати кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани на интервју.