Детали за огласот

  • Мобил-ЕлСкопје
  • Плата почетна 20000
  • Вид на вработувањеОпределено
  • Број на работни места2
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.mobil-el.com.mk
  • Код на огласотTHFKLOK

(Неактивен) - ЕЛЕКТРОИНСТАЛАТЕРИ И ЕЛЕКТРОМОНТЕРИ

Детали за огласот

 

Мобил-Ел има потреба од вработување на минимум двајца електромонтери /електроинсталатери за изведба на јакострујни и слабострујни електрични инсталации. Јакострујните инсталации вклучуваат полагање на кабли, монтажа и врзување на разводни табли, галантерија, расвета и пуштање во работа. Слабострујните инсталации опфаќаат комјутерски системи, системи за детекција и дојава на пожар, системи за видео надзор, системи за контролиран пристап и работно време, системи за заштита од упад/кражба, видео и домофонски системи, системи за обесчадување, системи за детекција на штетни и ексползивни гасови, системи за заштита на производи од кражба и броење на посетители и сл.

Опис на работни задачи: каблирање, монтажа и врзување на разводни табли, галантерија, расвета, монтажа и врзување на RACK ормари, пуштање во работа и сл.

Место на извршување на работни задачи: деловни, индустриски и станбени објекти претежно во Скопје и околината како и во цела Македонија.

Потребно образование: предност имаат кандидати со електротехничко образование (ССС или повисоко) но не е задолжително.

Работно искуство: предност имаат кандидати со работно искуство но не е задолжително.

Потребни дополнителни вештини кои не се задолжителни:

Електротехничко образование (ССС или повисоко)

читање и детално разбирање на проектна документација ( блок шеми и цртежи со основи од електричен развод)

Возачка дозвола Б категорија

Подготвеност за тимска работа

работно искуство

Нудиме:

Вработување со пријавување во АВРМ

Соодветна финансиска надокнада

Тимска работна средина

Можност за напредување во кариерата

Кратка биографија и мотивациско писмо доставете на:

mobil_el@yahoo.com