Детали за огласот

  • Озон дооелСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањенема информација
  • Број на работни места1
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.ozonair.info
  • Код на огласотTHFKKOH

(Неактивен) - МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР

Детали за огласот

Озон е фабрика за производство на опрема за климатизација, вентилација и други производи согасно со највисоки стандарди за квалитет, безбедност и здравје.

Озон ги охрабрува сите кандидати независно од полот и возраста да аплицираат за вработување на бараната позиција.

За потребите во производство огласуваме слободно работно место на позицијата:

 

Машински инженер - со или без работно искуство

 

Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира:

-       Студент или Завршен Машински Факултет со желба за учење

-       Претходно работно искуство не е предуслов, но ќе се смета за предност

-       Познавање програми за 2Д и 3Д цртање

-       Познавање програми за работа на компјутер – “excel, word” и други

-       Солидно познавање англиски јазик

-       Да поседува позитивен однос кон околината, грижа кон луѓето и одговорност кон работата

 

За следниве работни задачи

-       Водење планови за производство, изработка на листи, работа во “CAD/CAM” софтвер, пратење на производствен тек, извршување работни задачи околу организација на производство

-       Работа врз основа на дневни, месечни и годишни планови за производство

-       Комплетирање документација за проекти, опрема и производи согласно со барани прописи и технички стандарди

-       Организација и архивирање документација за тековната работа

-       Изработка на извештаи 

-       Примена и реализација на современи решенија и технологии

-       Контрола на квалитет

 

Се добиваат следниве услови за работа

-       Редовни месечни примања

-       Работа во прва смена

-       Организирана исхрана

-       Исплата на прекувремени часови согласно плановите за работа

-       Исплата на регрес за годишен одмор согласно условите за стекнување

-       Награди за квалитетно извршување на работните задачи

-       Можност за вработување на неопределено време

-       Можност за обука и стекнување нови знаења

-       Можност за осигурување 24h од незгода (последици од несреќен случај)

-       Климатизиран објект, ладење, греење и филтриран воздух

-       Природно осветлување и пријатна работна средина

 

Бидете дел од успешен тим и испратете ја вашата биографија на: vrabotuvanje@ozon.com.mk или јавете се на телефон: 02 3091212 и закажете го вашиот разговор.