(Неактивен) - ОПЕРАТОР ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ
- Автомобилска
- Скопје
- Дса Теам Дооел
- 06-02-2022
Детали за огласот
ДСА ТЕАМ Дооел е тим од професионалци фокусирани на помагање на компаниите во областа на управување со целокупниот квалитет , континуирано подобрување, управување и решавање на проблеми со речиси една деценија искуство на мултинационалните пазари. Поради зголемениот обем на работа , имаме потреба од вработување на кандидати за работната позиција :
ОПЕРАТОР ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ
Локација : Скопје
Замислете дека имате директен удел и заслуга во производство нa нов автомобил и дека сте во прилика да контролирате некои од сегментите на производните компоненти на автомобили на сите реномирани произведувачи.
• Дали сакате да се придужите на одговорен и мотивиран тим кој учествува во овие процеси ?
• Дали сакате да бидете дел од компанија која брзо се шири и заедно да напредувате а со тоа стекнувате нови искуства , познанства и знаења ?
Доколку вашиот одоговор е ДА , придружете се на нашиот тим ќе ни биде задоволство да соработуваме.
Опис на работните обврски и задачи :
• Сортирање и селекција на делови ;
• Доработка на делови ;
• Поддршка на производствен процес ;
• Тестирање на прозиводи на локацијата на купувачот;
• Работи поврзани со монтажа,преправка и контрола на финален производ;
• Следење на инструкции за работа и работни упатства;
• Почитување на инструкциите за безбедност и заштита при работа ;
Услови :
• III/ IV степен на образование ( со или без работно искуство );
• Тимска работа ;
• Одговорна и детална личност;
• Посветеност и прецизност во работата;
• Подготвеност за работа во III смени.
Ние нудиме :
• Едукација и тренинг во секторот за контрола на квалитет ;
• Можност за работа на проекти во странство;
• Работа во динамично работно опкружување во брзорастечка компанија ;
• Атрактивна заработка и дополнителни бонуси за посебно залагање во работата ;
• Обезбеден превоз и платен топол оброк од првиот ден
Сите заинтересирани канидати до 55 годишна возраст , кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да ги достават своите биографии на следната е - маил адреса: hr@dsaoutsourcing.com , со задолжителна назнака за позицијата за која аплицираат . Станете дел од тимот , кој постојано напредува ! www.dsaoutsourcing.com
Останати огласи од ист регион
-
ШАНКЕР/КА
- Угостителство
- Скопје
- Градски Кеј ДООЕЛ - Скопје
- 31-07-2026
- 0 НОВ ПРЕМИУМ
-
СТОМАТОЛОШКА СЕСТРА
- Стоматологија
- Скопски
- ПЗУ Денто
- 13-08-2026
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
ОПШТ РАБОТНИК
- Производство
- Скопски
- Деко Инк Доо Скопје
- 14-08-2026
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
СМЕТКОВОДИТЕЛ
- Трговија
- Скопски
- МЕГА ВЕНТ ДООЕЛ
- 14-08-2026
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
ДИСТРИБУТЕР
- Прехранбена
- Скопски
- Холис Фудс
- 16-08-2026
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
ЛОВЕЦ
- Обезбедување
- Скопски
- АДА ПЕТРА ДООЕЛ
- 16-08-2026
- 0 БЕСПЛАТЕН


