Детали за огласот

  • AГЕНЦИЈА РЕЈТИНГ СП-МСкопје
  • Плата 30.000 до 50.000
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни места1
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.rating.mk
  • Код на огласотTHFHGMM

(Неактивен) - ИСТРАЖУВАЧ

Детали за огласот

 

Агенција Рејтинг го проширува својот истражувачки тим

За позиција: Постар истражувач   ( Senior researcher)

 

Агенција Рејтинг вработува „Постар истражувач“ којшто ќе му се придружи на нашиот истражувачки тим и ќе биде дел од процесот на севкупното планирање, координација и имплементација на истражувачки проекти. Нашата компанија веќе 15 години активно работи на истражувања на јавно мислење: социо-економски истражувања, истражувања на пазарот, политички истражувања, психо-социјални истражувања, деск истражувања итн.

Позицијата дозволува голем напредок во компанијата и можност да се соработува со врвни клиенти и експерти од областа.

 

Организациони одговорности

 

o   Дизајнирање на понуди и бизнис развој

o   Дефинирање на буџети за проекти и менаџирање со финансии

o   Координација на работата, организирање и имплементирано проектно планирање

o   Менторство, поддршка и развој на колегите во тимот

o   Соработка со менаџерите и координаторите

o   Координација со колегите за развивање на стратегии и план за работа на проекти

 

Опис на задачи кои произлегуваат од работа на проекти ( квантитативни и квалитативни)

 

o   Планирање фази на проект

o   Дизајн на примероци

o   Дизајн на прашалник и други истражувачки инструменти

o   Ревидирање на истражувачка методологија

o   Комуникација и репортирање во сите фази од проектот со клиенти

o   Обработка на податоци од истражување

o   Анализа и пишување на наративни извештаи со препораки и заклучоци за клиентите

 

Посакувани вештини и квалификации:

 

o   Универзитетска диплома од областа на општествените науки. Магистратура или докторат ќе се сметаат за предност

o    Докажано искуство на истражувачко поле ( кандидатот во своето CV да наведе работа и одговорности на минимум 10 поголеми истражувачки проекти на англиски и/или македонски јазик)

o   Минимум 5 години работно искуство

o   Одлично познавање на квалитативни и квантитативни методи на истражување

o   Одлично познавање и работа со SPSS софтверот

o   Одлично познавање на Microsoft Office (Excel, Power Point, Word)

o   Задолжително познавање и работење на англиски јазик

o   Одлични аналитички вештини и око за детали

o   Подготвеност да се работи на повеќе проекти истовремено и да исполнува рокови, во                          динамична работна средина

o   Подготвеност за индивидуална и тимска работа

o   Одлични комуникациски вештини

  Заинтересираните кандидати да испратат резиме на jobs@rating.mk