
(Неактивен) - ИСТРАЖУВАЧ
- Истражување
- Скопје
- AГЕНЦИЈА РЕЈТИНГ СП-М
- 22-12-2021
Детали за огласот
Агенција Рејтинг го проширува својот истражувачки тим
За позиција: Постар истражувач ( Senior researcher)
Агенција Рејтинг вработува „Постар истражувач“ којшто ќе му се придружи на нашиот истражувачки тим и ќе биде дел од процесот на севкупното планирање, координација и имплементација на истражувачки проекти. Нашата компанија веќе 15 години активно работи на истражувања на јавно мислење: социо-економски истражувања, истражувања на пазарот, политички истражувања, психо-социјални истражувања, деск истражувања итн.
Позицијата дозволува голем напредок во компанијата и можност да се соработува со врвни клиенти и експерти од областа.
Организациони одговорности
o Дизајнирање на понуди и бизнис развој
o Дефинирање на буџети за проекти и менаџирање со финансии
o Координација на работата, организирање и имплементирано проектно планирање
o Менторство, поддршка и развој на колегите во тимот
o Соработка со менаџерите и координаторите
o Координација со колегите за развивање на стратегии и план за работа на проекти
Опис на задачи кои произлегуваат од работа на проекти ( квантитативни и квалитативни)
o Планирање фази на проект
o Дизајн на примероци
o Дизајн на прашалник и други истражувачки инструменти
o Ревидирање на истражувачка методологија
o Комуникација и репортирање во сите фази од проектот со клиенти
o Обработка на податоци од истражување
o Анализа и пишување на наративни извештаи со препораки и заклучоци за клиентите
Посакувани вештини и квалификации:
o Универзитетска диплома од областа на општествените науки. Магистратура или докторат ќе се сметаат за предност
o Докажано искуство на истражувачко поле ( кандидатот во своето CV да наведе работа и одговорности на минимум 10 поголеми истражувачки проекти на англиски и/или македонски јазик)
o Минимум 5 години работно искуство
o Одлично познавање на квалитативни и квантитативни методи на истражување
o Одлично познавање и работа со SPSS софтверот
o Одлично познавање на Microsoft Office (Excel, Power Point, Word)
o Задолжително познавање и работење на англиски јазик
o Одлични аналитички вештини и око за детали
o Подготвеност да се работи на повеќе проекти истовремено и да исполнува рокови, во динамична работна средина
o Подготвеност за индивидуална и тимска работа
o Одлични комуникациски вештини
Заинтересираните кандидати да испратат резиме на jobs@rating.mk
Останати огласи од ист регион
-
ПРОДАВАЧКА
- Прехранбена
- Скопје
- АД ЕВРОПА СКОПЈЕ
- 22-08-2025
- 0 ПРЕМИУМ
-
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО- ВАРЕЊЕ ЛОКУМ
- Прехранбена
- Скопје
- АД ЕВРОПА СКОПЈЕ
- 31-08-2025
- 1 БЕСПЛАТЕН
-
ГОТВАЧ/КА
- Угостителство
- Скопје
- Beer Garden DOO
- 29-08-2025
- 0 ПРЕМИУМ
-
НЕГУВАТЕЛКА НА СТАРИ ЛИЦА
- Нега и згрижување
- Скопје
- ПУСЗ НАНА Скопје
- 24-08-2025
- 0 НОВ БЕСПЛАТЕН
-
АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ / СЕКРЕТАР
- Графичка
- Скопје
- Друштво за производство трговија и услуг...
- 20-08-2025
- 0 БЕСПЛАТЕН