Детали за огласот

  • САМЕРИМПЕКС ИМПУЛСИ ДОО СкопјеСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни места1
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.impulsi.com.mk
  • Код на огласотTGOLHGH

(Неактивен) - ПРОГРАМСКИ АСИСТЕНТ

Детали за огласот

Сонувате вработување во невладиниот сектор, кој придонесува за поттикнување и промовирање на приватното донирање и општествената одговорност насочено кон ефективен и долгорочен развој на Република Северна Македонија, имате можност да се пријавите за работното место:

Програмски асистент

Цел на работното место: Обезбедување на поддршка на програмските активности на организацијата, во делот на изготвување, планирање, спроведување и оценка на проекти, како и поддршка на организацискиот развој кон реализација на организациската мисија.

Одговорности:

1. Тековна комуникација; планирање и одржување на календарот на активности на организацијата, особено:

a. Комуникација со клиенти, корисници и соработница

b. Внатрешна тековна комуникација

c. Објавување информации на веб страната и на социјални медиуми

2. Поддршка на програмите на организацијата (логистика, администрација, записници, координација, организирање на настани, обезбедување на учество од предвидени засегнати страни и сл.)

3. Ажурирање и документирање на активности

4. Програмско известување (reporting)

5. Поддршка на организацискиот развој

Работата е во Скопје, а по потреба има патувања низ државата и странство, согласно организациските и проектните активности.

Минимални барања: завршено високо образование, одлично познавање на англиски јазик, самоиницијативност, комуникациски способности, способности за паралелна работа на повеќе програми/проекти/активности. Претходно искуство во проектно координирање и администрирање се смета за предност.

Поднесете CV и мотивационо писмо, со кое ќе го објасните вашиот интерес за позицијата, не подоцна од 5 март 2021 година на impulsi@impulsi.com.mk . Само соодветните кандидати ќе влезат во постапката за селекција и ќе бидат контактирани.