
(Неактивен) - ПРОЕКТЕН АДМИНИСТРАТОР
- Невладини организации и Здруженија
- Битола
- ЕКЕ Битола
- 18-01-2021
Детали за огласот
Проектен АсистентОпис на работното место
- Познавање и промовирање на мисијата и политиките на ЕКЕ Битола и комуникација на истите со трети страни
- Одржување на чист, уреден, организиран и функционален работен простор
- Водење на онлајн и офлајн архива со документи и материјали
- Архивирање и дигитализирање (скенирање) на документацијата
- Комуникација со персонал, волонтери, институции и крајни корисници
o Одржување на јасна, едноставна, ефикасна и навремена комуникација (Веб страна, информатори, брошури, апликации, проекти, прирачници, формулари...).
o Подготовка и поднесување на договори, барања, молби, жалби, соопштенија и комуникација со институции.
o Одржување на комуникација со корисниците преку меилинг листи и социјални медиуми
- Промовирање на активностите преку веб страна и социјални медиуми
Помагање во организација на проектните активности (административно во канцеларија и на терен).
Квалификации
- Универзитетско образование (завршено или во фаза на студии)
- Силни комуникациски вештини (пишување, говор)
- Одлично познавање на англиски јазик (пишан, говорен)
- Разбирање на софтвер (Windows, MS Office, Internet, Cloud, Apps)
- Разбирање на хардвер (компјутер, печатач, проектор и сл.)
- Релевантно искуство (се смета за предност)
- Способност за работа на своја иницијатива
- Сигурност и доверливост.
НИЕ НУДИМЕ
- Добри услови за работа
- Флексибилнa работна средина
- Можност професионален развој работејќи на ЕУ проекти
- Стабилен работен ангажман со полно работно време (40 часа)
- Нето надомест од 14.934 МКД
- Пробен период од 2 месеци на половина работно време со платен надомест врз основа на договор на дело.
АПЛИЦИРАЈ
- Испратете CV и мотивациско писмо до: head.eke.macedonia@gmail.com со "офис менаџер", како наслов.
- Само релевантните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.
- Краен рок за пријавување: 20 јануари 2021.