Детали за огласот

КОМЕРЦИЈАЛИСТ СО ТЕХНИЧКО ПОЗНАВАЊЕ

Детали за огласот

Краток опис на позицијата

Позицијата „Комерцијалист со техничко познавање“ опфаќа комбинација од технички и административни задачи во процесот на продажба на гаражни, индустриски и противпожарни врати и автоматики.Кандидатот ќе биде вклучен во подготовка на понуди, читање техничка документација, комуникација со клиенти и фабрики, обработка на проекти и следење на нарачки.

Позицијата е соодветна и за кандидати без претходно искуство, доколку имаат техничка основа, логичко размислување, организираност, трпеливост во комуникација и силна желба за учење и развој.

Клучни задачи

• Подготовка на понуди за клиенти (B2C и B2B) врз основа на технички барања• Подготовка на техничка документација за проекти• Комуникација со фабрики за цени, опции, рокови и спецификации• Следење статус на понуди, одобрени проекти и нарачки• Координација со монтажен тим за технички барања• Периодични излегувања на терен со тим и состаноци со клиенти (околу 20%)

Потребни квалификации

• Машински / електро / индустриски дизајн / производно инженерство (предност, но не задолжително)• Познавање технички цртежи; основно познавање AutoCAD / SolidWorks (или желба да научи)• Основно познавање од електротехника (предност — поради автоматики, мотори и сензори)• Основни продажни вештини или искуство во работа со клиенти (предност)• Подготвеност за учење продажни процеси — компанијата обезбедува целосна обука• Способност за фокусирана и детална работа• Основно разбирање на технологија и механички системи (врати, мотори, автоматика)

• Возачка дозвола Б категорија

Каква личност бараме

• Технички грамотна личност која сака ред, систем и прецизност• Трпелива и способна да работи со понуди и техничка документација• Смирена, одговорна, точна и аналитична• Лице што може со време да стане добра техничка поддршка во продажниот процес• Желба за напредување и градење кариера во стабилна компанија

Што нудиме

• Комплетна обука за продажба, техничка поддршка и познавање на производите• Одлични услови за работа во професионален тим• Можност за напредување во продажба или проектен инженеринг• Плата 40 000 – 61 000 денари• Реално работно време без стрес и прекувремени• Модерна фирмена структура и системи

Доколку се пронаоѓате во овој опис и сакате да станете дел од нашиот тим, испратете ваша  биографија, кратко мотивационо писмо и контакт информации на email - i.lickov@doorsimpeks.mk .

 За дополнителни информации контакт лице : Иван Личков - 078365676.