Вработи.се ...Најбрзо и најлесно!
  • дома
  • за нас
  • блог
  • mk
    • МК
    • EN
  • внеси оглас
  • најави се
    • работодавач
    • работобарател

  • 2 НОВИ ОГЛАСИ
  • 34 АКТИВНИ ОГЛАСИ
  • 4879 КОМПАНИИ
  • 44363 ИСПРАТЕНИ АПЛИКАЦИИ
  • 209276 ОБЈАВЕНИ ОГЛАСИ
  • 17-08-2022

7 знаци дека лицето кое ви прави интервју сака да ве вработи

Ако има нешто што ги излудува луѓето кога аплицираат за работа, тоа е неизвесноста. Се разбира, секогаш сакате да ја добиете понуда за работа, но ако регрутерите ви дадат брза повратна информација за статусот на вашата апликација - дури и ако е негативен - генерално можете да се справите со тоа прилично добро. Деновите по интервјуто каде што сè уште исчекувате одговор, може да бидат навистина напорни - особено ако чувствувате дека сте поминале добро на интервјуто. 

Можеби во глава го премотувате секој чекор од интервјуто барајќи знаци дали истото поминало добро и со нетрпение чекате дали ќе ја добиете понудата за работа. Иако обично не можете да знаете со сигурност дали сте ја добиле работата само врз основа на перформансите на интервјуто, често има знаци кои сугерираат дали тоа поминало добро. 

Имајте на ум, дека било кој од овие знаци може да укажат на понуда за работа (или покана за друго интервју), но сепак процесот на вработување е непредвидлив и работите може наеднаш да се променат. На пример, подобар кандидат може да влезе во процесот, регрутерот за вработување може да се премисли за тоа што и треба на компанијата, може да дојде до замрзнување на буџетот и уште илјадници работи кои непридвидливо може да се случат и да ве „исфрлат од трката“. 

Без дополнително да се измачувате себеси едноставно размислете дали некои од овие 7 знаци биле присутни за време на интервјуто. 

1. Често слушате „кога“ наместо „ако“

Лицата кои интервјуираат се обидуваат да не им даваат лажни надежите на кандидатите, така што често употребуваат генерални термини како на пример, „ако дојдете на оваа позиција би го работеле следново..“ или „ ако ве вработиме, би започнале во ова време..“ но, ако тие силно веруваат дека вие сте вистинската личност за работата, може ненамерно да го сретнете зборот „кога“ во нивниот избор на зборови. Слушајте ги вербалните знаци кои силно укажуваат дека тие замислуваат како вие работите таму. 

2. Разговорот станува неформален

Интервјуата секогаш се изведуваат на професионален начин и регрутерите обично се држат до одреден општ список на прашања. Кога разговорот се оддалечува од вашите квалификации и станува неформален, тоа е знак дека тие се задоволни од вас. Обичниот, односно неформалниот разговор покажува дека тие веќе се задоволни со сѐ што требало да дознаат за позицијата за која аплицирате и го насочуваат разговорот во насока што им овозможува подобро да ве запознаат. 

3. Ве прашуваат кога би можеле да почнете

Вашата општа достапност и потенцијалниот распоред за работа се детали што треба да се појават подоцна во процесот на вработување. Во повеќето случаи, овие информации не се дискутираат додека не сте на чекор да ја добиете работната понуда. Но, иако регрутерите обично не се занимаваат со овие детали, тие може да ве прашаат ако ве гледаат како кандидат што го сакаат во тимот.

4. Ве прашуваат за вашите впечатоци за компанијата

Понекогаш, регрутерите директно ќе ве прашат за вашето мислење за позицијата или за самата компанија или може да ви го постават и класичното прашање: „Имате ли прашања за мене?“. Прашањето не е трик. Регрутерот сака искрено да знае што мислите бидејќи тоа им овозможува да се осврнат на вашите грижи и да ви помогнат да се чувствувате удобно доколку ја прифатите понудата кога ќе дојде. 

Во најголем дел, целта на интервјуата за работа е да ги истакнете вашите вештини и да докажете зошто сте совршената личност за конкретната позиција. Но, истовремено имате и шанса да дознаете повеќе за компанијата и да одлучите дали тоа е работата што сакате да ја имате. Овие прашања се уште еден потенцијален знак дека може да ја добиете работата. 

5. Интервјуто трае подолго од очекуваното

Ако регрутерот смета дека не сте соодветни за позицијата, најверојатно е дека ќе го скрати интервјуто. Тие нема да го губат времето на неквалификуван кандидат. Кога ќе сфатите дека интервјуто што требало да трае 30 минути, трае веќе еден час, сметајте го тоа како добар знак. Ова може да значи дека регрутерот ужива да зборува со вас за позицијата и веројатно мисли дека би биле добар фит во компанијата.

6. Запознавање со другите членови на тимот

Кога вашиот партнер вели дека сака да ве запознае со родителите, тоа покажува дека тие се подготвени врската да премине на следното ниво. Ако за време на интервју ве запознаат со другите членови на компанијата тогаш тоа е многу добар знак. Регрутерите би можеле да ве запознаат со другите вработени за да видат колку добро комуницирате со другите членови на тимот и дали би се вклопиле во нивната компанија. Може дури и да ве запознаат со менаџери на повисоки функции затоа што имаат добро чувство за вас и сакаат да го забрзаат вашиот процес на вработување.

7. Ги проверуваат професионалните препораки по интервјуто

Обично кога регрутерот или работодавачот бара да ви ги провери референците, тоа е знак дека е заинтересиран да ви ја понуди работата. Затоа е добро да се состави силен список на професионални препораки пред интервјуто, така што овие ценети контакти знаат дека интервјуирате и ќе бидат подготвени да примаат повици од потенцијалните работодавци.

Додека ги разгледувате сите овие знаци имајте на ум дека најдобро ќе биде да ги земете сите од нив со доза на резерва. Без оглед на тоа колку самоуверени (или не) се чувствувате на крајот на интервјуто, вашата претпоставка е само претпоставка додека немате понуда во рака. Продолжете да се подготвувате, да одите и да давате сѐ од себе на секое интервју.

Статии
Како да изберете референти кои ќе ви помогнат во добивањето на работа
  • 13-06-2025
Како да ги истакнете кариерните паузи на позитивен начин
  • 13-06-2025
Како да се подготвите за интервјуа со повеќе испитувачи
  • 06-05-2025
Како да одржите високо ниво на мотивација при долг процес на барање работа
  • 06-05-2025
Подготовка за онлајн интервјуа: Како да оставите најдобар впечаток?
  • 19-11-2024
Категории
  • Интервјуа
  • Совети
  • Колумни
  • Новости
  • Разно
Топ омилени огласи
  • ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР , ГРАДЕЖЕН ТЕХНИЧАР, МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР, ГЕОМЕТАР, РА...
  • СОБРАНИЕ НА РМ ВРАБОТУВА 49 СЛУЖБЕНИЦИ
  • ФОНД НА ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ ВРАБОТУВА 3 СЛУЖБЕНИЦИ
  • АРХИТЕКТ
  • ФОНД НА ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ ВРАБОТУВА 16 СЛУЖБЕНИЦИ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА
  • МАГАЦИОНЕР
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА И ТУРИЗАМ
  • АДМИНИСТРАТИВЕН РЕФЕРЕНТ
  • ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ
  • САЛАТЕР/КА
  • НЕГОВАТЕЛКА
  • ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА ВРАБОТУВА 3 СЛУЖБЕНИЦИ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА СТОПАНИСУВАЊЕ СО ДРЖАВНИ...
  • ФОНД НА ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ ВРАБОТУВА 5 СЛУЖБЕНИЦИ
Најактивни индустрии
  • Разни области (20)
  • Градежништво и Архитектур... (4)
  • Текстилна (3)
  • Угостителство (2)
  • Медицина и здравство (2)
  • Администрација (1)
  • Енергетика (1)
  • Нега и згрижување (1)
Најчитани огласи
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР
  • СОБРАНИЕ НА РМ ВРАБОТУВА 49 СЛУЖБЕНИЦИ
  • МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА ВРАБОТУВА 15 СЛУЖБЕНИЦИ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА И ТУРИЗАМ
  • АДМИНИСТРАТОР
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА СПОРТ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ДРЖАВЕН СТУДЕНТСКИ ДОМ СКОПЈЕ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ВЛАДА
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА, ДЕМОГРАФИЈ...
  • МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА ВРАБОТУВА 3 СЛУЖБЕНИЦИ
  • МАГАЦИОНЕР
  • АДМИНИСТРАТИВЕН РЕФЕРЕНТ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА
Најактивни региони
  • нема информација (20)
  • Скопје (9)
  • Штип (3)
  • Македонија (1)
  • Битола (1)
Издвоени огласи

Профил на компанијата

Логирајте се за да внесете оглас и да ги уредувате веќе внесените огласи за вработување.

Логин форма

Вработи.се е платформа којашто на сите баратели на работа и нови можности за напредок во кариерата им овозможува најлесен и најбрз пристап до сите отворени позиции за вработување или пракса во компании од најразлични индустрии.

Со децениско постоење на македонскиот пазар и огромно портфолио на задоволни клиенти, Вработи.се ги поврзува компаниите чијашто цел е градење на тим од професионалци со сите кандидати заинтересирани за професионален напредок. 

Платформата Вработи.се е поддржана од компанијата Ignite Global Media.

  • Често поставувани прашања
  • Внеси оглас
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Ценовник
  • Референтна листа
  • Блог
  • За нас
  • Контакт
  • info@vraboti.se

  • Архива
2025 Вработи.се © - Сите права се задржани