Вработи.се ...Најбрзо и најлесно!
  • дома
  • за нас
  • блог
  • mk
    • МК
    • EN
  • внеси оглас
  • најави се
    • работодавач
    • работобарател

  • 1 НОВИ ОГЛАСИ
  • 26 АКТИВНИ ОГЛАСИ
  • 5031 КОМПАНИИ
  • 46869 ИСПРАТЕНИ АПЛИКАЦИИ
  • 210503 ОБЈАВЕНИ ОГЛАСИ
  • 19-11-2024

Подготовка за онлајн интервјуа: Како да оставите најдобар впечаток?

Во ова наше дигитално време, онлајн интервјуата станаа секојдневие. Со цел да се прилагодат на новите стандарди за работа на далечина или едноставно да заштедат време, компаниите се повеќе се насочија кон виртуелни разговори за селекција на кандидати. Поради тоа, важно е да се подготвиме соодветно за ваквиот формат на интервју за работа. Овде ви нудиме неколку совети коишто ќе ви помогнат да оставите позитивен и професионален впечаток на потенцијалниот работодавач.

1. Истражете ја компанијата и позицијата

Пред интервјуто, најдете колку што можете повеќе информации за компанијата. Погледнете ја нивната веб-страница, социјалните мрежи и мисијата на компанијата.
Познавањето на нивната визија и култура ќе ви помогне да го покажете вашиот интерес и да ги поврзете вашите вештини со потребите на позицијата.

2. Прилагодете ја вашата биографија

Вашата биографија треба да биде во краток и јасен формат којшто ќе ги истакне вашите искуства. Внесете примери од ваши досегашни проекти или достигнувања што го покажуваат вашиот професионализам и соодветност за позицијата за којашто аплицирате.

3. Обезбедете соодветни услови за онлајн интервју

За да се покажете во позитивно светло пред работодавачот многу е важно да ја проверите техничката опрема потребна за онлајн интервју, како и просторијата во која ќе престојувате во текот на интервјуто. Проверете дали се функционира беспрекорно, особено следниве работи:

  • Интернет конекција: Тестирајте дали интернет врската е стабилна.
  • Камера и микрофон: Проверете дали вашата камера и микрофон работат правилно.
  • Софтвер за интервју: Ако компанијата користи некоја конкретна платформа на која ќе се изврши интервјуто, инсталирајте ја и проверете ја однапред.

    Вашата соба или просторија во која ќе ја одберете да престојувате во текот на интервјуто игра голема улога во тоа да оставите добар впечаток на потенцијалниот работодавач:

  • Осветлување: Гледајте светлото во просторијата да биде природно, по можност да доаѓа од прозорецот или да биде рамномерно.
  • Позадина: Изберете чиста, професионална позадина којашто нема да одвлекува внимание од вас. Најдобро би било да седнете пред чист бел ѕид којшто нема никакви елементи.
  • Изолирајте ги потенцијалните пречки: Проверете дали има некаква внатрешна или надворешна врева којашто ќе пречи во текот на разоговорот.
    Секакви надворешни звуци можат да ве деконцентрираат или пак да придонесат до тоа да не ве слушнат добро што може да го загрози вашето интервју.

4. Изгледајте професионално

Изберете облека што одговара на позицијата и компанијата. Иако сте дома, професионалниот изглед ќе ве прикаже во добро светло и ќе покаже дека сте  сериозно заинтересирани за работната позиција и дека ја цените можноста што ви е пружена.

5. Подгответе прашања за интервјуто

Секое интервју е и ваша можност да дознаете повеќе за позицијата и компанијата. Подгответе соодветни прашања за културата, работниот тим и идните цели на компанијата. Тоа ќе ви помогне да дознаете повеќе за местото во кое што сакате да работите, а и ќе му покаже на потенцијалниот работодавач дека навистина сте истражувале за работната позиција и би сакале да бидете дел од нивниот тим.

6. Техники за контрола на нервозата

Слично како и интервјуата во живо, онлајн интервјуата можат исто така да бидат стресни, па затоа следете ги следниве чекори за да се смирите:

  • Дишете длабоко: Овој начин на дишење може да ја намали тремата и да ве опушти.
  • Медитација и релаксација: Неколку минути релаксација пред интервјуто можат да го намалат стресот.
  • Фокусирајте се на позитивни работи: Потсетете се на вашите постигнувања, успеси и позитивни карактеристики за да ја зголемите самодовербата.

    Подготовката за онлајн интервју е од огромно значење за да го оставите најдобриот можен впечаток. Oвие совети можат да ви помогнат да ја зголемите вашата самодоверба како  и да ја зголемите шансата за успех. Со позитивен став и добра подготовка, секој онлајн разговор може да биде чекор поблиску до посакуваната работна позиција и успешна кариера.

Статии
„Добра игра. Фер плеј“ – Lidl започнува кампања за вработување
  • 21-05-2026
Како да побарате поголема плата без да ви биде непријатно
  • 19-03-2026
Работни места што AI први ќе ги замени во следните години
  • 02-03-2026
Зошто добрите работници денес најбрзо даваат отказ
  • 21-10-2025
„Дадов отказ без нова работа“ – Сè повеќе млади го прават ова
  • 17-09-2025
Категории
  • Интервјуа
  • Совети
  • Колумни
  • Новости
  • Разно
Топ омилени огласи
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА РСМ, ПЛАТ...
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВО...
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА РСМ, ПЛАТ...
  • OГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО СОБРАНИЕ НА РСМ, ПЛАТА: 63.145 ДЕНАРИ
  • OPEN SOURCE INTELLIGENCE ASSOCIATES
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР НА РСМ, ПЛАТА: 71.890 ДЕНАР...
  • ГОТВАЧ/КА
  • ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА
  • МАГАЦИОНЕР
  • ПРОДАВАЧ/КА
  • AДМИНИСТРАТИВНО - ФИНАНСИСКИ АСИСТЕНТ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН СОВЕТНИК ЗА ЕВРОПСКА ПОЛИТИКА ВО МОН, ...
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВО...
Најактивни индустрии
  • Разни области (20)
  • Угостителство (2)
  • Електроника и Телекомуник... (1)
  • Текстилна (1)
  • Продажба и трговија (1)
  • Истражување (1)
Најчитани огласи
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВО...
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА РСМ, ПЛАТ...
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН СОВЕТНИК ЗА ЕВРОПСКА ПОЛИТИКА ВО МОН, ...
  • OГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО СОБРАНИЕ НА РСМ, ПЛАТА: 63.145 ДЕНАРИ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
  • ГОТВАЧ/КА
  • AДМИНИСТРАТИВНО - ФИНАНСИСКИ АСИСТЕНТ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР НА РСМ, ПЛАТА: 71.890 ДЕНАР...
  • OPEN SOURCE INTELLIGENCE ASSOCIATES
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА РСМ, ПЛАТ...
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА
  • ПРОДАВАЧ/КА
  • МАГАЦИОНЕР
  • ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВО...
Најактивни региони
  • нема информација (20)
  • Скопје (5)
  • Битола (1)
Издвоени огласи

Профил на компанијата

Логирајте се за да внесете оглас и да ги уредувате веќе внесените огласи за вработување.

Логин форма

Вработи.се е платформа којашто на сите баратели на работа и нови можности за напредок во кариерата им овозможува најлесен и најбрз пристап до сите отворени позиции за вработување или пракса во компании од најразлични индустрии.

Со децениско постоење на македонскиот пазар и огромно портфолио на задоволни клиенти, Вработи.се ги поврзува компаниите чијашто цел е градење на тим од професионалци со сите кандидати заинтересирани за професионален напредок. 

Платформата Вработи.се е поддржана од компанијата Ignite Global Media.

  • Често поставувани прашања
  • Внеси оглас
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Ценовник
  • Референтна листа
  • Блог
  • За нас
  • Контакт
  • info@vraboti.se

  • Архива
2026 Вработи.се © - Сите права се задржани