ТРГОВСКИ ПРЕТСТАВНИК
- Градежништво и Архитектура
- Македонија
- Алу Кониг Штал ЕООД, Софија,БГ-Претставништво Скопје
- 27-10-2026
Детали за огласот
Во врска со проширувањето на својата дејност, АЛУ КОНИГ ШТАЛ – динамично развиена меѓународна трговска компанија, ориентирана кон нудење модерни технологии во областа на застаклените градежни конструкции – објавува позиција за:
КОМЕРЦИЈАЛЕН ПРЕТСТАВНИК – за териториите на цела Македонија
БАРАЊА ЗА КАНДИДАТИТЕ:
Високо образование: Економски или технички факултет Компјутерски вештини: Одлично познавање на MS Office (Excel, Word). Јазици: Одлично познавање на англиски јазик. Познавањето и на германски јазик ќе се смета за предност. Профил: Трговски ориентирана личност. Успешно комерцијално искуство во градежниот сектор ќе се смета за предност. Капацитет: Способност и желба за стекнување широк спектар на знаења и самоусовршување. Вештини: Комуникативност и развиени преговарачки вештини. Лични карактеристики: Лојален, одговорен, самодисциплиниран, креативен, проактивен, чесен, упорен, мотивиран. Тимска работа: Силно ориентиран кон тимска работа. Возачка дозвола: Активен возач, Б-категорија.
ОДГОВОРНОСТИ:
Проширување и целосно сервисирање на мрежата од клиенти (компании за производство на браварија) во доделениот регион. Креирање и ажурирање на сопствена база на податоци. Изготвување извештаи и анализи за работните процеси поврзани со дејноста. Стремеж кон одржување високо професионално ниво на сопствените компетенции. Водење преговори, изготвување понуди, проактивно следење на нивниот статус и склучување договори.
ДОЛЖНОСТИ:
Извршување на сите активности доделени од директниот раководител во врска со сервисирањето на клиентите. Стриктно чување на деловните и корпоративните тајни до кои има пристап. Грижа за сопственото здравје и безбедност, како и за здравјето и безбедноста на другите лица кои се директно или индиректно засегнати од неговата дејност, во согласност со неговата квалификација и инструкциите дадени од работодавачот. Почитување на сите обврски при извршувањето на доделената работа според работното законодателство. Почитување на Правилникот за внатрешен работен ред на работодавачот. Исполнување на сите одлуки на раководството на компанијата кои не се во спротивност со работното законодавство.
НИЕ НУДИМЕ:
Мобилно работно место, личен компјутер и службен мобилен телефон. Договор за вработување. Работа во тим од докажани професионалци. Воведна обука и континуиран процес на едукација. Атрактивен модел на плата, усогласен со личниот придонес и остварените резултати.
Вашата биографија (CV) и мотивационо писмо испратете ги на е-адреса: office@alukoenigstahl.mk.На интервју ќе бидат поканети само кандидатите кои ќе влезат во тесен круг по евалуација на документите.


