Детали за огласот

  • GermanPXСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеОпределено
  • Број на работни местанема информација
  • Контакт телефоннема информација
  • Контакт емаилdjukic@germanpx.com
  • Веб страна
  • Код на огласотTHGIOJG

СЕРВИСЕР ЗА ВЕЛОСИПЕДИ

Детали за огласот

Доколку велосипедите се твоја пасија, уживаш во работа со алат и механика и знаеш колку е важен секој детал за совршено подесен велосипед — тогаш можеби токму ти си делот што му недостасува на нашиот тим. Бараме мотивирана и одговорна личност со интерес и искуство во бајк сервисирање, која сака да работи со премиум велосипедска и outdoor опрема, во професионална и динамична средина. Кај нас ќе имаш можност секојдневно да работиш со различни типови велосипеди, современи компоненти и опрема, како и постојано да ги надградуваш своите технички вештини.

 

Главни работни обврски:

• Сервисирање, одржување и поправка на велосипеди

• Склопување и подготовка на нови велосипеди за продажба

• Дијагностика и решавање технички проблеми кај велосипеди и опрема

• Проверка на техничка исправност и безбедност пред испорака

• Грижа за чиста, организирана и функционална сервис зона

• Комуникација со клиенти и давање основни совети поврзани со сервис и одржување

• Сезонска подготовка и сервисирање на ski опрема и скии

 

Потребни квалификации и вештини:

• Претходно искуство со сервисирање велосипеди и бајк механика

• Добро познавање на велосипедски компоненти и алати

• Способност за самостојна и организирана работа

• Прецизност, одговорност и внимание на детали

• Тимски дух и позитивен пристап кон работа

• Подготвеност за учење нови технологии и техники во бајк индустријата

• Љубов кон велосипедизмот и outdoor спортовите ќе се смета за голема предност

 

Што нудиме:

• Работа со премиум велосипедски и outdoor брендови

• Професионална, спортска и позитивна работна атмосфера

• Можност за континуирано техничко усовршување и напредок

• Работа во тим со passion-driven луѓе

• Долгорочна и стабилна работна позиција

• Динамична работа исполнета со различни проекти и предизвици

 

Ако сакаш работата да ти биде поврзана со твојата пасија и сакаш секојдневно да бидеш дел од bike културата — те очекуваме во нашиот тим.

 

Испрати CV на: djukic@germanpx.com

Локација: Ул. Кирил и Методиј бр.20, Скопје