Детали за огласот

МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА

Детали за огласот

 

МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА (Гаражни, ПП врати, автоматики)Локација: СкопјеРаботно време: полно работно време

ЗА  ДООРС ИМПЕКС ДООЕЛ

Ние сме компанија за набавка и монтажа и сервис на сите видови на гаражни и противпожарни врати и автоматизација, ориентирана кон квалитет, јасни процеси и долгорочни односи со клиенти. Не се натпреваруваме со „најефтините“, туку градиме систем кој овозможува стабилен раст, професионална продажба и јасна соработка меѓу маркетинг, продажба и набавка.

Поради раст на компанијата, бараме искусен Менаџер за продажба кој ќе ја преземе одговорноста за целиот продажен процес – од потенцијален клиент до потпишан договор.

ОПИС НА ПОЗИЦИЈАТА

Како Менаџер за продажба, ќе бидете одговорен за:

управување и оптимизација на целиот продажен процес управување со продажниот тим (комерцијалисти) координација помеѓу продажба, набавка и оператива (монтажа) затворање на профитабилни и одржливи договори воведување систем, контрола и дисциплина во продажниот тим

Ова не е класична продавачка позиција, туку менаџерска улога со јасни KPI и бонус систем.

КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ

Контакт и квалификација на потенцијални клиенти (лидови) Водење состаноци со клиенти (во салон / на терен) Разбирање на потребите на клиентите и избор на соодветно решение (гаражни, индустриски или ПП врати, автоматика) Координација со набавка и монтажа за техничка изводливост Подготовка и презентација на понуди и преговарање Затворање договори и предавање на проектот кон оператива Ажурирање и одржување на CRM систем (Trello / Airtable) Следење KPI и месечно известување

ШТО ОЧЕКУВАМЕ ОД ВАС

Искуство во продажба минимум 3г. (предност: градежништво, техничка опрема, инженерство, автоматика или слична индустрија) Способност да водиш разговор со премиум клиенти Организираност и дисциплина Разбирање на бројки, цели и резултати Комуникациски вештини и одговорност Подготвеност да работиш по систем, не импровизација

ШТО НЕ Е ОВАА ПОЗИЦИЈА

- Брза продажба без структура- Импровизирање и ветување невозможни рокови- Работа без CRM, KPI и отчетност

ШТО  НУДИМЕ

Фиксна плата + јасен бонус систем врзан за резултати Работа во фирма со поставени процеси и поддршка од тим Директна соработка со сопственик / менаџмент Јасни очекувања и фер правила

ЗА КОГО Е ОВАА ПОЗИЦИЈА

✔ За луѓе што сакаат ред, бројки и одговорност✔ За професионалци што сакаат да заработуваат според резултат✔ За оние што сакаат да градат систем, не само да продаваат

АПЛИЦИРАЊЕ

Испратете  CV и неколку реченици зошто мислите дека сте вистинската личност за оваа улога на: i.lickov@doorsimpeks.mk

Ќе ги разгледаме сите апликации, а ќе контактираме со кандидатите кои најмногу одговараат на позицијата.