
АГЕНТ ЗА ИНТЕРНЕТ ЗАШТИТА НА БРЕНДОВИ (ЈУНИОР ПОЗИЦИЈА)
Детали за огласот
Bridge Brand Protection е една од најбрзо растечките стартап компании во областа на интернет заштита на интелектуална сопственост, штитејќи глобални брендови.
Компанијата развива услуга фокусирана на клиентите, користејќи технологија базирана на вештачка интелигенција и индустриска експертиза за да испорача интелигентни и вредносно-ориентирани резултати.
Успехот во голема мера зависи од нашите вработени, кои со своите индивидуални и колективни вредности придонесуваат за целата организација и нашите клиенти.
Придружете се на нашиот тим и растете со нас додека напорно работиме на менување на секторот за заштита на брендови.
Отворен повик за:
ЈУНИОР АГЕНТ ЗА ИНТЕРНЕТ ЗАШТИТА НА БРЕНДОВИ (со план за напредување)
Барани квалификации:
Одлично познавање на Microsoft Office 365, Outlook, и навигација на интернет со користење на различни прелистувачи. Напредно познавање на англиски јазик (говорен и пишан), бидејќи оваа улога ќе вклучува комуникација со клиенти и глобални платформи.
Пожелни способности, вештини и искуство:
Диплома или завршен курс за права од интелектуална сопственост. Работно искуство во областа на заштита на брендови. Познавање на кинески, италијански или друг дополнителен јазик. Напредно познавање на дополнителни компјутерски алатки.
Работни обврски:
Посветено и систематско истражување на различни глобални интернет канали (e-marketplaces, social media, search engines) со цел идентификација на содржини кои повредуваат права од интелектуална сопственост за клиенти од различни индустрии. Регистрација на податоци и зачувување на докази во соодветен портал, и процесирање за понатамошна постапка. Спроведување на постапка со поднесување на соодветни пријави до платформите за отстранување на содржината која повредува право од интелектуална сопственост. Подготовка на месечни извештаи за клиентите со информации за спроведените активности, успешно решените случаи и забележаните трендови.
Плата: почетна од 30.000 - 34.000 денари, со план за прогресија и напредување.
Останати огласи од ист регион
-
ШАНКЕР/КА
- Угостителство
- Скопје
- Друштво за угостителство трговија и услу...
- 21-05-2025
- 1 НОВ ПРЕМИУМ
-
СОРАБОТНИК ВО ФИНАНСИИ
- Прехранбена
- Скопје
- АД ЕВРОПА СКОПЈЕ
- 22-05-2025
- 0 НОВ ПРЕМИУМ
-
МАРКЕР
- Угостителство
- Скопје
- Друштво за угостителство трговија и услу...
- 05-06-2025
- 0 НОВ ПРЕМИУМ
-
ДОКТОР ПО СТОМАТОЛОГИЈА
- Медицина и здравство
- Скопје
- Лотус Дент
- 10-05-2025
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
ПИЦА-МАЈСТОР
- Угостителство
- Скопје
- Друштво за угостителство трговија и услу...
- 05-06-2025
- 0 НОВ ПРЕМИУМ
-
ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР
- Градежништво и Архит...
- Скопје
- БИСИ- ДООЕЛ
- 05-06-2025
- 0 НОВ ПРЕМИУМ